[Литература] Стефан Боцевски – I година

Што ме движи кога се стои

 

 

Што денес човештвото го снајде

многу е тешко лек да се најде.

Осамени и тажни сме сите,

бараме и најмал зрак

во овој безнадежен мрак.

 

Качувањето на Водно

и зелената трева

мене расположението ми го крева.

Возам велосипед секој ден

и влегувам во длабок зен.

Се дружам со семејството мое

играм игри, комуницирам, научив да делам

и сè што е мое е и твое.

 

Во мене оваа пандемија

разбуди видици разни,

можеби е тешка како анемија

но немам веќе чувства празни.

Мали моменти на среќа

потребно е да се стават во голема вреќа.

Не е сега време за тага,

наскоро ќе заврши и оваа сага.

 

 

 

 

+7