[Литература] Иво Николовски – I година
Што ме движи кога сѐ стои
Еден, два, три,
некој ќе почне да брои.
За да сѐ одговори на прашањето,
– Што ме движи кога сѐ стои?
Здравје, љубов, среќа
Разбирање, мир и слога
поддршка и прегратка братска
и бескрајна верба во Бога.
Што ме движи кога сѐ стои
Се разбира знаеме, пријатели мои!
Да нема војни, студ и глад
Да се сите сложни како брат со брат.
Живееме во едно време
кога баш и не е сѐ така ,,сјајно”.
Но, набрзо сѐ ке помине
И ќе имаме среќен соживот ,,трајно”.
Јас сум млад и пишувам како ,,творец”
се движам низ животот како борец.
Се движам и кога сѐ стои,
животот го бојам со најубави бои.
+50