[Литература] Ана Анастасова – II година
„Што ме движи кога сѐ стои?“
Дури целиот глобус го запира човечката глупавост,
Со јажиња го стега, не дава да се помести,
Мене ќе ме води безрезервната хуманост,
Тој зрак од луѓето, што се ќе надомести.
Да се извлече настраданиот од скептичка јама,
Џентлменски потег на вистинска дама.
Ќе направам сѐ што е во моја моќ,
Да биде осветлена и нечија најцрна ноќ.
Не сум авион, па керозинот да ме движи,
Ни трамвај кој на струја вози.
Жив човек сум со радости и грижи,
За кого искрените насмевки се најмиризливи рози.
Солидарна да бидам,
Да покажам оти сум човек.
Градови да ѕидам,
Сите среќни да сме довек.
Хуманоста мене ми е ѕвезда водилка,
Второто име ѝ е мајка родилка.
Нејзиниот исход помил е од песна,
Штом од срце го создаде душа чесна.
Во тоа мое срце пламнува жар,
Топлотна енергија преминува во кинетичка.
Среќата огромна е блескав дар,
Пренесена е важна порака, етичка.
Да живееме сите сплотени ко едно,
Срцата да ни се полни, тоа е вредно.