[Литература] Алексеј Христов – I година

ШТО МЕ ДВИЖИ КОГА СЕ СТОИ?

 

Во не така дамнешно и минато време,

се живееше сложно без никакво бреме.

Луѓето и животните во хармонија складни,

природата ја чуваа од злотвори јадни.

 

О природо, што ни се случи,

во Кина од еден лилјак обичен

целиот свет да мора

да се заклучи.

 

Се затвора, се затвора, се затвора.

Насекаде тоа е главната тема,

а животот којшто постојано се движи,

не е повеќе во „шема“.

 

О Короно, – црна чумо!

Ти главен виновнику на новото време,

зошто ни го затвори светот,

зар животот наш млад, да ни дреме?

 

Не, ја не можам повеќе

затворен да седам,

Не, ја не можам повеќе

оваа судба да ја гледам.

 

Но гледај чудо што ни се случи,

човекот и на ова „нешто“ вакцина му вклучи.

Крајот на вирусот се ближи,

да се радуваме сите на животот наш, кој повторно ќе се движи.

 

 

+87