[Литература] Ирма Дамчевска Стомнар – VIII одд
Што ме движи кога се стои?
Љубовта од фамилијата што ми ја пружи, со безброј полни кочии исполнети со насмевки и среќа е тоа што најмногу ме движи кога се стои. Секоја секунда, помината со мојата фамилија е голема среќа и нивната поддршка посакувам да ја имаат сите. Бескрајно се радувам на природата исполнета со разнобојни расцутени цвеќиња и милозвучните црцорења на песнопојните птици кои што на небото царуваат со нивните раширени крилја! Ова е тоа што ме движи најмногу, ми го развеселува срцето и мојата насмевка насекаде грее како сонце!
Автор: Ирма Дамчевска Стомнар, VIIIб одд. Ментор: Митра Цилевска
ООУ„Димитар Миладинов“- Центар, Скопје