[Литература] Марко Јованоски – VII одд

Шепот Тивок Осамени

Мисли Едно

Дете Вечно Има Животни Искри.

Како Оган Гори Амбициозен и

Сам Ѐ мпатија

Насловот го посветив на сите деца со посебни потреби.

Солзи и Толеранција Одсекаде Иде.

Што да напишам за мојава мисла

да има некоја смисла?

Во секое тело, предмет и камен

безброј атоми се движат

како роеви од пчели

што за своите млади се грижат.

Навидум се стои

но тоа е вибрација вечна,

што не се гледа

а за умот како виножито

се распослале непознати бои.

Само мислата е вечна и трајна

таа се движи низ сите хоризонти

со брзина сјајна.

Од мислата се раѓаат многу добри дела

а тие се храна за секоја душа

која Божјиот шепот го слуша.

Сѐ се движи совршено,

според природниот закон уредено,

како некое ремек дело

кое намерно не е довршено.

Додека не станеш белобрад старец,

прави добри дела, биди хуман

и тогаш со сигурност ќе знаеш

дека се движиш со голема брзина

во вистински правец.

+29