[Литература] Ален Попјаневски – IX одделение

„Што ме движи кога сѐ стои“

 

Помина и овај ден. Веќе врви и оваа седмица. Се нанижаа триста шеесет и пет, продолжуваат нови, нови, да се движат. Ми прелетнува низ глава „PantaRhei“ но, како ништо ново на позитивно да не се променило. Секојдневно луѓе паѓаат како ранети птици на ветрот. борејќи се со невидливата сила, грабливка за живот. Болни погледи лутаат насекаде, во еден поглед чиниш приказна, а не за живот читаш. И глетката те обзема навлегува што подлабоко во тебе, ти ја распарчува душата и те влечи кон креветот да си лежеш сам со своите мисли и стравови. Плачот од соседството ти одѕвонува во ушите и полека те вовлекува под топлото ќебе и ниту гледам, ниту пак, сакам да слушам. И додека така смирено им подлегнуваш на секоја грозоморна мисла и му даваш спокој и царство, во душата твоја нешто одѕвонува и те буди. Воскликнува крикот на животот, на твоето постоење. Пред очите ја гледаш раззеленетата трева и на неа испоседнати сите. Машки, женски другари, како браќа и сестри. Се слушаат звуците од жиците на гитарата. Слика која ја топли душата. „Не, јас морам да живеам“. Станувам и го гледам моето помало братче, како се мачи со две, за него тешки задачи. Го прегрнувам и му помагам. Се смешкам и си велам „Продолжувам напред“. Ја ставам маската и одам до блиската продавница. Пред себе како ластар, го гледам виткото тело, златната долга коса која трепери на ветрот. Ги среќавам тие сини очи. Погледите се испреплетуваат немо. Еден кон друг, безброј зборови си кажаа, бескрајна љубов си споделија. И одеднаш го добивам одговорот на моето постоење. Одам напред, затоа што пред мене се безброј неизживеани соништа, безброј неостварени планови, бескрајна љубов кон себе, кон семејстовото, кон мојата сакана. Кога сѐ стои во исчекување на вакцината и подоброто време, јас се движам како некој трагач по среќата, убавото и напредокот.

 

 

+337