[Литература] Викторија Спасовска – IX одд.
Што ме движи кога стои
Секој човек има иднина во која пронаоѓаа некоја цел за да може да продолжи напред, кога некој или нешто ќе го запре.
Времето е единствено нешто ,што може да те води до зацртаната цел што ја имаш, за твојот живот и твојата иднина. Целта е голем поим, со неа човекот има инспирација за да го достигне тоа што го сака. Можеби некогаш знам да запрам поради некој или нешто, но секогаш има нешто што ме враќа на патот каде што треба да бидам, тоа е инспирацијата од животот и целта што ја имам поставено за да можам да живеам како што јас сакам, да бидам тоа што сакам и да успеам во работите кои ги сакам. Знам да запрам и да бидам безнадежна за некои работи, но тоа може да трае кратко. Доволен е мал зрак од сонцето за поголема инспирација и желба да почнам повторно да се движам. Живот е тоа ти што ќе го направиме да биде. Ако ги ограничиме нашите избори само на она што е можно ,или пак само на она што е разумно тогаш тотално ќе се откажеме од она што навистина го сакаме. Треба да се кренеме секој пат кога ќе паднеме и да почнеме од почеток, да си речеме на самите себе дека можеме, сакаме и ќе го направиме тоа што го имаме испланирано за нашата иднина!Понекогаш сум на врвот на карпата за да се откажам од мојата замисла. Од некој грешки во мојот живот извлеков многу поуки за во иднина да не ги повторам истите, што веќе еднаш ги имам поминато.Да бидеме тие личности кој не дозволуваат да запрат, а ако запрат да имаат причина пак да продолжат по долгиот пат, кој ни го донел животот.Пат по кој ќе стигнеме онаму каде што сакаме и ќе го добиеме она што го сакаме или она што моментално го немаме! Успехот, но и претходно направените грешки, може да се инспирација за во иднината.Животот е кратка бајка која не ја живееме вечно.Животот не е сон што ќе се повтори, или пак бумеранг што ќе може да го врати времето кога ќе сториме нешто ,а потоа ќе се покаеме за истото. Ние и нашиот живот секогаш сме во движење.Животот на сите нас ни носи разни работи и доживувања,понекогаш може да се добри а понекогаш лоши но секако секогаш добрите работи остануваат за крај.
Секое утро кога ќе се разбудиме чекаме сонцето повторно со неговите зраци да не погали и да не охрабри да продолжиме напред и да ги срушиме сите пречки што ни ги носи животот. Некогаш животот е многу краток и може да се заврши во секој момент без ние да знаеме кога и како ќе се заврши затоа треба да се бориме за тоа што е наше и да не се откажеме од тоа никогаш.Животот понекогаш знае да не подучи на добри работи како на пример да бидеме задоволни од тоа што го имаме а не по тоа што мечтаеме. Треба да почнеме да живееме реално и да ја откриеме смислата на нашиот по патот на радоста и среќата. Некогаш не лесно се соочуваме со лошите околности во нашиот живот но покрај тоа може и мора да продолжиме понатаму,и никогаш не треба да донесуваме брзи и непромислени одлуки и да правиме погрешни постапки, и затоа секој ден живејте го во целост. Никогаш немојте да мислите дека животот е како роман или книга која можете кога сакате да ја прочитате и да ја вратите на најубавата страница, бидејќи во животот то не е возможно, да ја вртиме најсреќната случка и да ја живееме повторно и повторно тоа.
Убавината на животот, ќработите што ги поседуваме, личностит кој ги имаме ни помагаат да се избориме со негативната страна во нас. Вомојот живот имаше многу пријатели кои што не ме ценеја или нешто слично. Често се борев со себе за да се сменам, да бидам друга личност. Но после многу обиди сватив дека не треба да паднам на тоа ниво и дека треба да продолжам напред. Да се движам кон патот што е створен без да мислам за другите. Станав навистина позитивна личност, среќна сум со тоа што имам и мило ми е што продолжив понатаму со мојот живот. Сега кој и да се најде во иста ситуација знам да дадам многу добар совет а тоа е ,,Што и да сеслучи биди храбар/ра и не запирај а ако веќе си запрел потруди се и почни повторно да се движиш”. Сите ние имаме такви моменти каде стоиме во место но ретко некој бира причина за повторно движење.
Затоа треба да почнеме да се движиме и да почнеме да размислуваме за добрата страна на нештата. Да почнеме да работиме и да се фокусираме на нашиот живот, бидејќи животот е еден и треба да се разбудиме од нереалноста и да влеземе во одаите на реалноста. Да не престануваме да сонуваме,но да сториме се за да соништата ги направиме реалност. Реалност со која и ние ,а и нашите најблиски ќе се гордееме.