[Литература] Вероника Ацевска – IX одд.

Движењето на моите мисли заедно со музиката

 

Секој човек смета дека е храбар, дека е многу добар, но јас не мислам така. Некогаш во животот, стравот не е толку лош. Иднината никој не може да ја предвиди, никој нема ни да ја знае. Наместо сега ти да се шеташ надвор со твојата храброст, мислејќи дека ништо нема тебе да ти се случи, тоа не значи дека не им наштетуваш на други луѓе кои се послаби од тебе. Да, секој сака прошетка, забава, авантура, но не секогаш може тоа да го добиеме.

Денешниве луѓе мислам дека не се благодарни за животот тие што ги имаат, секој мисли само за себе. Никој не го гледа човештвото, секој гледа сѐ за себе. Зошто луѓево се толку себични? Зошто не можат да поседат малку дома? Зошто секогаш излегуваат беспотребно? Како можат да излезат секој ден без страв, без грижа на совет? Да, тие се млади, ништо нема на нив да им се случи. Но, што ако пренесат на стари луѓе? Па и тие имаат живот. Зошто денешниве луѓе се вакви? Па зар, толку немаат трпение? А што ако не излезеш еден ден? Зар ќе се сруши светот? Ах, моите гупави длабоки мисли. Секогаш ли јас ќе бидам чудниот човек? Само јас ли мислам на човештвото, како заедница? Зошто пак јас само да се грижам? Зошто? Прашања, на кои не можам лесно да им најдам одговори. Не се типични прашања, па да отворам интернет или книга да си го најдам одговорот. Веќе смачено и досадно ми е да барам неодговорливи одговори на моите самостојни “гупави” прашања. Што да се прави? Секојдневни длабоки размислување, со надеж да се разбуди човекот и да отворат очите, не се лесни.

На крајот пак ќе се вратам во реалноста и разбирам пак јас сама на себе си зборувам. А како можат луѓево да бидат толку слепи, кога и очи и ум имаат? Зар само јас мислам дека ова не е во ред? Секој ден бројките се зголемуваат и луѓето глумаат дека се исплашени. Ах, никогаш не сум ги разбирала луѓето. Како мислат тие? Тоа е еден голем предизвик што не знам дали ќе можам да го успеам да го разберам. Дали и јас така треба да размислувам? Дали? Прашања, прашања и само прашања. Здосадено ми е веќе!! Само нови прашања, без никакви одговори. Навистина треба да престанам со моите секојдневни прашања. Па и јас да сакам не ќе можам, но не треба да мислам сега на тоа.

Редно е да се прошетам и јас, значи време е за музика. Во мојот измислен свет. Колку само мирно и тивко е таму. Сите се грижат за секој. Секој се грижи за сите. Ако би можела да живеам во моите мисли, би се преселила веднаш. Музиката е единственото нешто што ме движи во овој свет каде што сѐ стои. А каде да одам денес? Во изминативе месеци, јас ја прошетав цела Европа, ги научив луѓето да не се мразат меѓусебно. Интересно, нели? Само ако можеше ова да биде вистинскиот свет, тогаш се би било толку добро. Хммм, можеби да одам на некое тивко место, каде никој нема да ме најде. Така и денес би се прошетала и би имала забава. Замисли, свеж воздух, звук на птици, пејзаж на малите градби од високо место и во позадина мека музика од твојот омилен бенд. Чекорење во длабоката планина, различни видови на дрвја, листови во секаква боја, небо полно со облаци кои си играат едни со други, блескаво сонце кое зрачи. Во сонот, сонувам нов сон. Некогаш треба да се исклучиме од вистинскиот свет и да прошетаме во нашите мисли. Таму секогаш имаш, сѐ што сакаш.

Навистина денешниве луѓе не се благодарни. Толку себични личности, но пак толку добри. Секогаш кажуваат нови одлични идеи, но кои стои позади нив? Толку себични, но пак толку добри. Кажуваат едно, прават друго што би се рекло. “Животот не е фер” многу користена изрека. Зар не е вистина? Не, се разбира дека тоа не е точно. Денешниве луѓе прават себични чекори и после обвинуваат друг. Ах, а колку е мирно тука за да се мисли на такви работи. Сѐ е како што замислив, студен воздух, прекрасен поглед и мека музика во позадина. Среќна сум. Среќна сум затоа што сум различна и чудна. Среќна сум што барем јас мислам и се грижам за сите. Ништо погрешно не правам, а и уште малку сите овие сонови и размислувања ќе се тргнат. Нема тоа многу долго да трае. Музиката кога ќе запре, и јас ќе се вратив во реалноста, пак.

 

 

 

 

 

+35