[Литература] Суден Шехапи – VII одд.

 

КОРОНА

Тик так, тик так

Бие часовникот во нашите срца,

и повторно страв и стегнати души

звук на болнички сирени,

трепет за уште еден човечки живот

вклештен во рацете на чудовиштето Корона.

Времето минува, тече ко река,

река што целиот свет го понесе во невиден хаос.

Смртта се свила над нашите глави

демне и чека ко граблива птица

и не сме свесни од каде ќе се јави,

од каде ли ќе нападне тој непријател чуден,

без глас, без боја, без мирис,

ко авет невиден по име Корона.

Нечујно се протнува во секоја човечка клетка

и не познава ни боја ни раса

цел свет во тага го обви,

многу семејства во црно зави.

Ти Короно клета,

замини веќе од нашата планета

врати ни ги нашите сни

и сите украдени детски дни,

врати ни ја иднината,минатото- сегашноста.

Сити сме од маски на уста

градови празни, улици пусти,

Ние сме деца што сонуваат свет насмеан, весел,

свет со училиштата полни детски џагор

и улици со насмеани лица

што се поздравуваат и гушкаат без страв.

Не, не ја ценевме убавината што ја имавме в рака

но можеби имаме уште една шанса

да го направеме светот поубав.

Силата е во рацете на човештвото

а луѓето сакаат и можат да надминат сѐ,

па и тебе Коро клета.

 

 

+64