[Литература] Симона Миткова – II година

Што ме движи кога сѐ стои?

 

Како надежта ме движи кога сѐ стои?

Кога ноќта е само една празна соба,

и душата е скриена од човечка злоба.

Ќе пушти таа еден зрак светлина да блесне,

за нов ден со надеж да порасне.

 

Како љубовта ме движи кога сѐ стои?

Повторно празна соба ме зароби.

Разумот на сто дела се разглоби.

Само моето срце остана цело,

зашто љубовта е лекот на тоа дело.

 

Како минатото ме движи кога сѐ стои?

Навистина стои…

Во една закована слика од безброј спомени.

Не може да се врати и да ги промени,

но може сега мигот со минатото да го спои.

 

Како иднината ме движи кога сѐ стои?

Сакам да знам што има таму.

Како да стигнам дотаму?

Како да се качам на таа бина?

Ќе мора да и се препуштам на мојата иднина.

 

Како семејството ме движи кога сѐ стои?

На раб на лудило,

Секогаш заедно со прегратка заградено.

Толку далечно, а сепак толку блиско,

моето семејство ангелско.

 

Како стихот ме движи кога сѐ стои?

Едно пенкало и многу бели листови.

Една рака и илјада текстови.

И за мигот најтих

Пишувам само еден стих.

+6