[Литература] Петја Анѓеловска – IV одд.
СОНОТ
Никаде не сум патувала,
а сепак секаде сум била.
Од Арктик до Антарктик.
Со истокот сум изгревала,
на западот сум заоѓала.
Од јадрото на земјата,
до бесконечните ќошиња на вселената.
Немам богатство,
а сепак сум најбогата.
Ми даде мама сонче,
сонче како крилесто коњче.
И пред мене моите соништа,
по нив одам, само тие ме движат.
Верувајте ми нема ништо чудно
ако едно дете сонува будно.
Добра ноќ,
слатки ѕвездени патувања.
А,да и будилникот е
картата за дома.
+40