[Литература] Нела Атанасовска – III одд.

Што ме движи кога се стои

Дали сум горе или доле

Можеби лево или десно

Тука е секогаш таа

И тешкото го прави лесно

 

Кога плачам и сум тажна

Насмевка и радост ми дари

Ниедна среќа на светот

Не се купува со пари

 

И кога ќе паднам надолу

Рака ми подава, ме крева

Од лошото добро прави

Без бучава и врева

 

Секогаш е тука за мене

Не уморно ме учи и сака

Од лошиот пат и мисла

Со поука и љубов ме враќа

 

Има нешто што ме крева

Никогаш да не сум сама

Таа е највредното нешто

Тоа е мојата мама

 

Кога ќе ме прашаат

Што ме движи кога стојам

Само еден одговор-мајка

Живот ми дала, години да бројам

 

 

 

+3