[Литература] Миткова Анастасија – V одд.
ШТО МЕ ДВИЖИ КОГА СЕ СТОИ?
Што ме движи кога се стои?-Размислувам, и ми доаѓаат многу работи што
ме движат, но сепак како главна движечка сила за мене е солидарноста и хума-
носта.
Хуманоста е најголема човечка особина, доблест за секој поединец, а хуман
човек е оној кој им помага на луѓето кои имаат потреба од љубов и добрина.
Награда за се што сториле добрите луѓе секако е насмевката што ја добиваат
од оние на кои им помогнале.
Животот во овој свет знае да биде исполнет со болка,тага,незадоволствa и те-
шкотии за поединци и група на луѓе,кои пак не тера да размислиме дали за сето
тоа има причина и колку ние треба да бидеме солидарни и хумани.
На секој човек потребна му е помош, некогаш материјална, а некогаш морална,
убав збор, подршка, утеха или совет.Односно секој човек има некоја потреба
независно дали е богат или сиромашен.
„Да бидеме хумани“ се зборови што многу често ги слушаме. Хуманоста е мно-
гу важна особина на луѓето како членови на општеството кои сакаат да придо-
несат за неговиот развој и да им помогнат на поединците кои се сиромашни,
болни и немаат покрив над главата. Секојдневно се организираат хуманитарни
акции со цел да се соберат пари за луѓе кои откриле дека боледуваат од сериозна
болест, но немаат доволно средства за операција, се продаваат разни списанија и
честитки за да им се помогне на оние кои живеат во ужасни услови, се поттикну-
ваат граѓаните да донираат облека и се организираат крводарителски акции.
Сите овие апели се најзастапени на социјалните мрежи како најмоќните медиуми
што најбрзо и најефикасно можат да ја пренесат итната порака.
Но,човечката хуманост и солидарност е нешто многу поголемо и тоа треба да е
наша движечка сила.Хуманост е кога човек не бира ниту луѓе , ниту време.
Хуманоста е таа која се појавува неочекувано, а таквата човечка димензија ги
достигнува врвовите,едноставно тоа е човечноста.
Хуманоста е таа, која ги гради односите меѓу нас луѓето.Ние,како луѓе сите
живееме заедно, па затоа е потребно и да си помагаме помеѓу себе, затоа што
таа е дел од нас, затоа што за човечката природа поблиски се добрите дела ,а
не лошите дела.А да се направи добро дело за некого е можеби незначително,
но за самите нас е многу значајно, затоа што не прави подобри,похумани,по-
солидарни и посреќни.
Хуманост е кога вистински ќе се ангажирате да помогнете некому. Хуманост е
кога ќе заборавите на своите обврски за момент и навистина ќе му се посветите
на човекот кому му треба вашата помош. Не е доволно само да отрчате во прода-
вница и да му купите нешто за јадење за да можете себеси да се нарекувате хума-
нитарци. Да, и така ќе му помогнете, но хуманоста се состои и во времето што ќе
му го посветите на тој што ќе му помогнете, во времето што ќе го одвоите за да ја
слушнете приказната на човекот.
Јас имам многубројни примери кога сум помогнала на различни начини.Не така
одамна додека шетав со моите родители на плоштад моите родители ми купија
крофни а спроти мене стоеше босоного детенце кое ме гледаше,и со погледот како
да сакаше да ми каже “дај ми е мене крофни”,тогаш јас ги замолив моите родители
да земеме и за детето крофни а тие веднаш се согласија,во парк каде што живеам
често пати знам да ги нахранам птиците,понекогаш ги тешам моите другарки до-
дека плачат за некој свој неуспех и им влевам надеж дека ќе успеат,честопати со
моето семејство учествуваме во разни хуманитарни акции за донирање на облека
и обувки.
Затоа хуманоста и солидарноста се моја движечка сила кога се друго стои, и тоа
ме прави среќна.