[Литература] Милена Крстевска – VII одд.

Што ме придвижува кога се стои

 

 

 

Верата и љубовта во Бог

не придвижува истрајно да чекориме,

и кога се ќе застане

да продолжиме да се бориме.

 

Некогаш е доволен само убав збор,

очи кои зрачат полни сјај,

прегратка од саканите

доволно за душа полна рај.

 

Во секое навидум црно,

секогаш постои бело,

една светла дамка која не придвижува,

да застанеме цврсто и смело.

 

Таа светла дамка

како ѕвезда сјае,

љубовта од саканите,

вечно да трае.

 

Еден ден се ќе помине,

ќе бидеме похрабри сите,

да го правиме тоа што го сакаме,

да ни бидат среќни дните.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

+4