[Литература] Мила Митревска – VIII одд.

„ Што ме движи кога сè стои ? ”

 

Да, навистина чудни работи се случија изминатава година. Чудни, необични, несекојдневни.Карантин,изолација,заштита,почитување на мерки за заштита, сите овие новини нас нѐ направија поинакви.Да секако, сето ова е новина за секој од нас. Доколку секој од нас го прифати како нешто што би нѐ заштитило нас а и луѓето околу нас,а не како некое зло кое ни го наметнуваат останатите,дури тогаш нашата свест би размислувала дека заеднички сите може да направиме еден договор,договор кој би нѐ спасил од целава оваа мрачна темнина. Да, и порано ни се случуваа вакви работи, но ниту една болест која била досега не го засенила целиот свет. Оваа толку бедно- подмoлна, несовeсна, смртоносна болест ги направи нашите животи да течат по едно течение кое ниту ние, ниту оние кои со години се справуваат со вакви болести не знаат дали ова течение ќе се влее во некоја мала притока, и притоа со себе ќе ги понесе сите зла, сите црнила или ќе успее да се влее во едно чисто големо езеро.Но, ова езеро ни оддалеку не изгледа дека се гледа во нашиоте хоризонти.А,зошто?Дали секој од нас кој дише од овој воздух на оваа планета барем еднаш си го поставил прашањето„Зошто не можам и јас како оние кои ја осетиле оваа мака, да ги почитувам мерките за заштита кои можат да значат живот?“Ова прашање нема одговор…Нема одговор само од една причина,многумина од луѓето не веруваат и не се плашат од непознатиот непријател.Токму затоа и ни се случува оваа монодрама.Монодрама во која само непријателот зборува, а сите останати молчат.Овој непријател кој затропа на една од вратите на моја добра пријателка,нѐ остави сите без здив.Никој не се надеваше дека толку брзо ќе го смени нивниот начин на живеење.Да, навистина е така.Нашето дружење застана, нашите средби застанаа.Но, ниту таа ниту јас се откажавме од нашите соништа.Во тие денови таа имаше голема поддршка од мене и моето семејсто.Бевме во постојана комуникација,сите неопходни работи кои и беа потребни јас и ги набавував.Но, намирниците немаа главна улога во оваа ситуација.Таа знаеше колку вреди животот, и колку треба да се почитуваат мерките за нашите заеднички соништа да се остварат.Така и се случи.Мислата за подобро утро и помогна да излезе како вистински борец во борбата против непознатиот непријател.Таа успеа, а со неа успеав и јас.Нашите соништа и понатаму ќе се сонуваат.

Многу работи се сменија, се сменија нашите секојдневни навики, се сменија дружбите со семејствата , пријателите , со еден збор животот ни се промени. Целиот свет живее во страв за секое наредно утрo.Ништо не може да биде како порано,навистина ништо. Но, целава оваа пандемија ни покажа што значи зборот “еднаквост”, ни покажа дека сите сме исти без разлика на верата, обичаите и културата, без разлика дали сме сиромашни или богати-сите сме еднакви. Оваа болест не ги бира луѓето според ниту еден критериум. Вирусот едноставно не знае да одбере. Но, тој на некој начин е поврзан, и ни покажа дека сите треба заедно да се држиме подеднакво. Тој ни ја покажа тежината на човештвото, нѐ потсети кои сме ние и колку вредиме. Можеби кога оваа пандемија еден ден ќе си замине во дното на најдлабоките мориња и езера, можеби тогаш светото ќе се промени. Од бога ни е подарен најубавиот подарок наречен „живот”, и треба да го цениме. „Во секое лошо има и добро”. Оваа стара изрека навистина има и вистина. Не само на возрасните туку и на децата, им е најтешко во овие тешки денови. И децата се свесни за сето она што им е одземено поради оваа пандемија, за сите пропуштени, патувања , родендени , другарувања. Но, не сме несреќни. Напротив, доколку сите заедно ги почитуваме мерките за заштита од оваа смртоносна болест ќе и го отвориме побрзо патот за таа да може да си замине. Иако целиот свет наеднаш запре , иако многу работи веќе не се исти , единствено љубовта и заедно сплотените раце ни даваат смисла за живот.Да , можеби нема дружења , можеби нема слободно шетање по парковите како порано , но има повеќе време за себе и семејството. Додека целото семејство е заедно, додека сите се однесуваме онака како ни доликува, со почитување на сите мерки од оние луѓе кои деноноќно се справуваат со немили ситуации, ние ќе бидеме тука. Ќе бидат и нашите најмили, и нашите најсакани. Љубовта кон семејството, љубовта кон најблиските и трпението се движечка сила која ќе ни помогне да успееме во најголемиот предвизвик со кој сите ние се соочуваме, пандемијата од корона вирус. Постои една вистина дека најдобрата животна лекција се учи во лоши времиња , токму тогаш кога човекот прави грешки.

Животот е лекција која секојдневно ја учиме и секојдневно ќе ја учиме. Не треба сѐ во животот да ни е совршено за да бидеме среќни,треба да се цениме самите себеси, и сѐ околу нас. Треба само да сме благодарни и среќни со тоа што го имаме.Сѐ може да заврши утре. Земјата ќе продолжи да се врти и животот ќе продолжи да тече. Но, дали ја научивме лекцијата која ни ја приреди животот. Искрено се надевам дека е така. Без дожд нема виножито!

 

 

 

+74