[Литература] Мила Ѓорѓиевска – VIII одд.

-,,Што ме движи кога се стои?”

 

,,Што ме движи кога се стои?” Ова прашање можам да го одговорам со различни одговори зависно од кој поглед гледам. Доколку го одговорам од аспект на физиката, ме движи некаква сила.Може да ме движи планетата Земја. Ме движи мојот велосипед кој го возам, со цел, воздухот да стане почист. Всушност, јас ќе одговорам на прашањето ,,Што ме движи кога се чувствувам како сѐ да стои?”.

Многу работи, личности и настани ме движат кога се чувствувам како сѐ да стои.

На прво место е секако и секогаш моето семејство. Моето семејство е последната мисла со која заспивам и првата мисла со која се будам.Мојот дом е мојата база и темел изграден од моите родители. И не мислам на вистински темел, туку на темел врз кој ја градам мојата личност со која ќе придонесам за мојата иднина и за сите. Моите родители ме научија на вистинските вредности, а тоа се меѓусебната поврзаност, довербата, љубовта, трпеливоста, скромноста, но и амбицијата, упорноста, желбата за доусовршување…

Мојата мајка и татко, ми ги дале сите овие алатки кои јас секојдневно ги употребувам додека да стигнам до зацртаната цел, а тоа е да создадам волшебна идина, не само за мене, туку и за општеството. Јас или било кој друг како личност и дел од околината сме одраз на нашето домашно воспитување.

Овие вредности се основа на која денес градам пријателства. Вистински пријателства. Пријателствата се нешта кои нѐ прават среќни, прават да се чувствуваме вредно. Велам дека пријателствата се нешта, бидејќи не постои вистински збор со кој може да се објасни што всушност претставува вистинско пријателство. Може да кажеме дека пријателствата се меѓусебни врски, дека се поврзаност меѓу личности, но сето она што ќе го кажеме во врска со пријателството се сведува на едно исто. Пријателството е важно во животот затоа што нè учи на многу работи. Ние учиме многу лекции од пријателството што нема да ги научиме на друго место. Учиме да сакаме некој друг, а да не е член на нашето семејство. Учиме да бидеме себеси пред нашите другари.

Вистинските пријатели никогаш не нè напуштаат во лоши времиња. Учиме како да ги разбираме луѓето и да им веруваме. Нашите вистински пријатели секогаш не мотивираат и навиваат за нас. Тие ќе не одведат на вистинскиот пат и ќе не спасат од какво било зло. Пријателството не учи на лојалност. Ни помага да станеме лојални и да добиеме лојалност за возврат. Нема поубаво чувство на светот од тоа да имате пријател кој ви е лојален.Покрај тоа, пријателството нѐ прави посилни. На пример, гледаме како понекогаш се караме со нашите пријатели, но сепак сме заедно, откако ќе ги оставиме настрана разликите. Ова е она што не прави силни и нè учи на трпеливост.

Голема и значајна улога во моето секојдневие има и моето училиште, наставници и соученици. За жал, денес се соочуваме со пандемија од светски размери која не знаеме кога ќе престане.

Но, училиштето и наставниците секој ден имаат што да нѐ научат и знаат како да ни го разубават денот. Го разубавуваат со нивната несебичност кога се работи за нивното знаење. Секогаш, па дури и сега, во време на потешкотии, тие се обидуваат да ни дадат секој ден различен дел од нивното знаење.

Образованието е клуч што има моќ да отвори многу врати. На пример, математиката е важна затоа што таа нѐ учи различни начини за решавање различни роблеми.Нѐ учи на прецизност. Учениците ги совладуваат овие вештини со гледање, слушање, читање и пишување. Кога ќе научиме нови работи, развиваме нови способности кои ќе ни бидат од корист во иднина . Кога се однесуваме лошо, ја губиме довербата и почитувањето кај наставниците. Со извршување на домашните задачи и училишните обврски добиваме добри оценки. Исто така, со училишните задолженија развиваме чувство на одговорност. На крајот од денот, помислата дека сите обврски сме ги завршиле и сме го направиле наставникот горд е прекрасна.

Една од вредностите кои ги стекнуваме на училиште и дома е солидарноста. Солидарноста како доблест на човекот значи да се пружи рака некому без да се очекува нешто за возврат. Среќата, која доаѓа кога ќе помогнеме на некого, е доволна како награда за нашиот чин и постапка. Постојат многу здруженија кои се засноваат токму на солидарноста. Тие се залагаат да ја промовираат хуманата страна на луѓето.

Семејните одмори, особено летните ме прават многу среќна. Не добиваме можност често да уживаме во зајдисонце покрај езеро. Со задоволство би го опишала мојот незаборавен момент од минатото лето. Додека се шетавме по шеталиштето, езерото се појави како маѓија. Неговата сребрена боја и форма на совршено-рамен диск ја правеа глетката толку бајковита. Единствените звуци беа шумовите на брановите и крикот на галебот кој стануваше се поситна точка на небесниот свод. Светлината што протече од небото додаде златна нијанса на лицето на езерото и тоа беше рај. Вакво доживување може да ни приреди само природата. Затоа јас никогаш не испуштам прилика да се вратам во нејзините прегратки.

Последно, но не помалку важно е моето хоби. Го спомнувам моето хоби бидејќи најдобро го искористувам своето слободно време со тоа што се занимавам со моето хоби. Додека планираме како покорисно да го поминеме нашето време, треба да бидеме сигурни дека таа активност која сме одлучиле да ја правиме ќе ја врати нашата потрошена енергија и ќе нè расположи.Л уѓето кои имаат хоби стекнале искуства и приказни што можат да ги споделат со другите. Тие исто така се здобиле со знаење што можат да го споделат со секој што исто така има интерес за истите теми како и тие. Денешното хоби, можеби е нашата утрешна професија.

На крајот можам да заклучам дека постојат уште многу нешта за кои не ми ни текнуваат во моментов, а ме прават весела и ме движат кога се стои. Но, едно начело ми помага секогаш: ништо лошо не трае многу долго,ниту пак засекогаш. Односно, сето она што сега стои сигурна сум дека еден ден ќе се движи заедно со мене, во исто или различно темпо.

 

 

 

 

 

 

 

 

+93