[Литература] Михаела Николоска – I година

Што ме движи кога се’ стои?

Денот и ноќта постојано се менуваат,

но јас останав

таму далеку во минатото.

Таму далеку за каде никому не сум споменала.

Останав стаписано со мечето во моите прегратки.

Вдишувам еднаш,

па уште еднаш.

,,Болна си”.

Го слушам секое биење од срцето.

Тоа се забрзува,

но јас не можам да ја променам положбата на телото.

Твоите зборови се како испишани на мене.

Се плашам.

Се обидувам да си ги објаснам чувствата.

А ти пробуваш да го згаснеш последниот зрак надеж.

Мислев дека твоите зборови треба да биде моја водилка.

Така беше научено тоа мало дете со мечето во прегратки.

Мислев дека ако те послушам тебе,

а и нив,

јас ќе бидам посреќна.

Но од вас добив само ,,луда си”.

Јас се борам за воздух додека моето тело мирува.

Ме движи помислата

да му докажам на одразот во огледалото што го гледам,

дека може да издржи уште.

Ме движи помислата да му докажам на тоа дете

со мечето во неговите прегратки,

дека не е само.

И дека кога тие ќе му завртат грб

јас ќе се обидам да гледам во него.

+473