[Литература] Михаел Русевски – VI одд.

Што ме движи кога се стои?

 

Посакувај радост секому и ќе се движиш во насока на задоволство и успех. Тоа може да го имаме во секој момент што го живееме ако го извлечеме како поука само најдоброто.

Ме движи позитивното размислување низ моите тинејџерски години, а тоа е вештина која се учи од многу мал и е многу едноставно, барајќи ја само добрата страна во себе и во другите околу мене.

Во животот треба да имаме и цели кои треба да ги постигнеме поставувајќи си ги секое утро кога ќе станеме и го слушнеме звукот на птиците кои се толку весели и прелетуваат од гранка на гранка и ја пеат нивната најомилена песна. Исто и јас како птиците, ме движи гласот на мојата мајка која со љубов ми посакува добро утро и ми укажува се’ за мое добро секој ден.

Но, ме движи и вербата во себе, ме движи и почитта кон семејството, ме движи и тоа додека стојам и размислувам да ме прати чувството, да се чувствувам како победник, да станувам посилен секој момент, непокорлив, а и по малку непослушен некогаш, но да сум победник, зошто победниците никогаш не губат. Тие иако стојат, се движат само во насока на победата.

Ме движи и љубовта! Убаво е емоциите да не ги скриваме, убаво е да се слушне дека некого сакаме, дека сме среќни што е дел од нашиот живот.

Знаете, мене најмногу можеби ме движи и искреноста. Иако сум во овие мои единаесет години, почнав да ги разликувам луѓето, почнав да ги разликувам работите и повеќе отколку што мислат впозрасните. Почнав да ги разликувам искрените од неискрените другарувања, а оние искрените пак навистина многу малку ги има.

Ме движи мислата, иако понекогаш и фантазирам, како ќе како го најдам мојот вистински пат за иднината, како го наоѓам вистинскиот пат околу некое размислување, а ми далосум замислил позитивна цел. Дури понекогаш сакам и да сум како Хари Потер, да ме движи натприродната сила, а јас само да стојам, а во истиот момент да ги спасувам од неволја моите другарчиња околу мене, бидејќи вистинските пријателства ми се многу важни, а посебно ако им помогнам.

Колку е само убаво кога седиш и размислуваш и си сигурен дека можеш да го направиш тоа што си го замислил. Ме движи мојата самодоверба.

Еден ден тргнав сам во најблиската шума. Ме одведе мирисот на само што расцутените јаглики и качунки. Многу беа убави оваа пролет. Ме занесе прелетувањето на пеперутките од цвет на цвет, ме занесоа ластовичките кои вредно ги правеа своите гнезда. А дрвјата? Тие само сто се раззелениле и се појавил по некој цвет, а некои веќе и целосно процветале. Седнав на зелената ледина покрај малиот поток кој жубореше многу силно. И додека така седев, во мене отчукуваше саатот на вербата и успехот, иако седам, јас сум исправен и одам понатаму, ме движи и радоста кон се што е околу мене, ме движи и моето семејство кое е најважно, прегратките верувајте не се купуваат.

Сите тука беа една голема фамилија кои си помагаа несебично, за да си ја завршат својата работа и да не задоцнат да ги завршат обврските,.колку беа само упорни, никој не се откажување, можеби и затоа што си го сакаа тоа што го работат или….?

И да паднеа пак стануваа, и да не застанеа на убаво место пак продолжуваа, ги водеше занесот на убавата глетка околу нив, ги водеше тоа што се толку чисти во нивните мали и ситни главчиња, тоа што си подаваа рака еден на друг. Дури и мравките се распослале по зелената трева како да го играат највеселото оро на светот.

А јас, додека стоев и ги гледав и мене уште повеќе ме водеше упорноста кон патот до успехот.

Но кога погледнав во небото, станав наеднаш бесстрашен, почна да ме води веднаш сонот кој го имав веќе замислено, тоа беше патот каде беа сите среќни. Како што погледот шарање низ небесните бои, така никој не можеше веќе да ме запре да не викам “само напред”, да ме води светлината и да биде само пред мене.

Секој облак беше различен, секој ја кроеше својата приказна, приказна во која тишината танцуваше со мене, а само во мојата потсвест почнаа да бидат звуците од се друго наоколу. Јас се одмарав, уживав,во танцот со едно мало облаче кое посебно ме занесе. И никој не можеше да ме запре, тонев во мислите. Секогаш имав чувство дека премногу зборував, но сега ме движење тишината и зборовите кои само јас ги слушав и ја компонирав песната на мојата душа.

Ме движеше убавината на секој лик што го препознавав горе, кое беше толку чист и јасен како да се наоѓа до мене.

Почнав дури и да разговара со месечината, почнав да разговарам и со ветерот, кај ми заминаа само чувствата.

И одеднаш чувството како јас се движам додека стојам. Почнав да се движам во последниот вагон од тој снежно бел воз, кој како со брзина на светлината ме шеташе низ бескрајната шир.

А колку ли само биле далеку облаците, го приметив тоа додека патував со погледот и колку беа само густи, и како најгустите крошни од разлистаните дрвја во најдлабоката корија. Како да немаше излез, а одите цело време. Само очите ви шараат наоколу. Стоиш, а невозможно е да се одржиш на нозе. И само гледаш и запознаваш нови ликови, нови предмети.

Ова беше местото каде сите би посакале да патуваат, да сонуваат, да мечтаат…

И покрај се не ја заборавив мојата цел, дека ме движи самодовербата и љубовта, ме движи мислата дека јас сум тој победник, патот кон соништата кои треба да ги остварам, патот каде сите се среќни.

Дури сега никој не можеше да ме запре, сите облаци околу мене се движат, а јас се’ уште стојам и ме води позитивната мисла на сигурноста, ме води светлината.

Ме движеше и невозможното, а јас стоев!

Само напред…..

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

+42