[Литература] Марија Зафирова – II година

ШТО МЕ ДВИЖИ КОГА СЕ СТОИ?

Секому треба мотив, сон, и пат
за да продолжи во животот и успее.
Таа цел може да не искачи на највисокиот кат,
толеранција, трпеливост, самодоверба да му влее.

Љубовта, образованието и годините со искуство одат напред,
но солидарноста, недискириманицијата, рамноправоста и почитта стојат во место.
Тие ако еднаш ги здобиеме секогаш ќе ги имаме на ред
а вредностите ќе ги применуваме и забележиме често.

Всушност она што стои мене најмногу ми значи и движи,
прифаќање на разликите може да не зближи.
Секоја нивна непочит и дискриминација не треба да дозволиме да се премижи,
она го прават луѓето без срце и на кои моралите се нижи.

Ајде сите да помогнеме на луѓето на кои им треба, да им подадеме рака,
да донираме, на тажното дете кое стои пред продавница, да му дадеме храна.
Понудената помош, покажаната грижа, токму тоа ме прави среќна и јака,
со комуникација можеме да излечиме и најдлабока рана.

Дел од мене сѐ уште верува во луѓе кои се борат за добрите особини,
ќе ги зберам и заеднички ќе успееме со срце воено, за сите изнемоштени ќе бараме правда со години,
и тоа ќе го пренесуваме на генерациите, од колено на колено.

 

+139