[Литература] Марија Јаневска – II година

Креативен Конкурс

“Што ме движи кога се стои?”

Литература – есеј

Се почна набрзина, се почна тогаш кога бевме најмалку подготвени за тоа, наеднаш кога сите луѓе беа во брзина и се тркаа со времето. Кога парите беа најбитни и секоја минута се искористуваше за се повеќе пари, за поголема власт еден врз друг. Живеевме во време кога секој со секој се натпреваруваше “кој ќе има повеќе”, кога злото и љубомората владеаа над нас и кога се друго беше битно. Живеевме во време кога заборавивме што е среќа, што е среќно семејство, заборавивме како е да излеземе во природа, заборавивме дека има многу поубави работи од кафулињата и ноќните клубови. Заборавивме како е да седнеш во парк со пријателите и да разговараш долго со часови, заборавивме на друштвените игри кој порано луѓето ги правело среќни. Живееме во 21 век во кој технологијата е на прво место, живееме тогаш кога два часа неможеме да бидеме без паметните телефони. Живевме на брзина и во трка со времето, но наеднаш толку брзо една пандемија дојде и направи хаос, застана се, светот престана да се движи, застанавме и ние луѓето. За неполни три месеци целиот свет застана, неможевме како порано да излеземе и да се дружиме , неможевме да правиме ништо како порано. Чудно но вистинито светот застана, повеќе неработеа кафулињата кои луѓето ги правеше среќни, излегувавме до продавница и аптека и потоа дома, по четери денови затворени во своете домови кои беа заборавени и во кој ретко го поминувавме денот. Научивме како е да бидеш дома, да бидеш со своето семејство, научивме како само еден ден може да не напрви многу посреќни од сите тие работи што сме мислеле дека не прават среќни. Се што мислевме за животот се промени за миг. Судбината уште еднаш не потсети колку сме само еден момент, една воздишка, една насмевка. Научивме како е да се живее поинако од нормалното. Но без разлика што светот застана, јас продолжив да се движам, но не како порано, на поинаков начин од претходно. Се стана толку чудно, на секое излегување од дома требаше да носиме маска, требаше да се почитуваат многу нови правила кој за нас беа чудни, но еве веке една ипол година го живеме овој живот кој за нас беше чуден, без разлика на се луѓето се навикнаа на сегашниов живот. Работите за мене стана многу чудни, имав многу нејасни работи за тоа што се случуваше, кој за одредено време ми стана јасни. Ги затворија училиштата, останавме дома, онака со нејасноти што ке случи, како ке продолжиме да учиме, дали од дома воопшто нешто ке можеме да сфатиме. Тренирам фудбал и единствено што ми се вртеше во глава е како ке продолжиме да тренираме сите заедно тимски како и секогаш, дали ќе продолжиме како порано, не сакав да стават забрана и за спортот, за утакмиците и тренинзите. Но се случи и тоа добивме забрана за натпревари и тренинзи, во тие моменти мислев дека мојте соништа ќе почнат да пропаѓат дека никогаш нема да може да биде исто и дека никогаш нема да можеме да се вратиме онака силно и храбро како порано на зелените терени кои беа наш втор дом. Но јас никогаш не се откажав, тренирав дома и си овозможував тренинзи за кои имав услови, беше тешко, но кога нешто сакаш и имаш желба да го правиш тоа, како што велат и невозможното станува возможно. Се трудев максимално да ги завршувам и домашните задачи кој професорите ни ги задава да ги правиме дома. И во овие тешки моменти јас бев она истата како и секогаш истрајна и одев напред до крај. Но воопшто за мене немаше некое големо значење затварањето на кафулињата и ресторантите, бидејќи јас и пред пандемијата го правев истото си ги вршев обврските во училиштето и тренирав редовно. Но што ни донесе оваа пандемија, таа не научи дека постоеле и многу поубави работи од она на кое ние бевме навикнати, научив дека во овој свет во кој живееме ние имало многу, многу поубави работи. И покрај сите препреки кој ни ги наметнуваше пандемијата, ние вешто успевавме да се справиме со сите работи кој ни ги наметна пандемијата. Времето полека минуваше, но панедемијата продложи да гази се пред себе. Згасана многу животи, многу луѓе се бореа за своите животи во болничките кревети. Ситуацијата се подобруваше но тоа беше кратко, панедмијата пак се враќаше и продложуваше да пустоши се пред себе. Дојде и новата учебна година, со надеж дека ќе се вратиме во училишните клупи дека ќе продолжиме како порано, но не, ни тоа не се случи, повторно дома, останавме да гледаме во тој екран и тоа по неколку часови на ден. Се беше толку тешко, толку заморно и исцрпувачко за сите нас. Но моравме да се помириме со релноста и моравме да бидеме подготвени на сите тие предизвици кои следува. И покрај се полека но сигурно поминуваме во полињата наречени живот, незнаејќи што ќе ни донесе новото утре, секое утро се будев со помислата дека се оваа завршило и дека слободно ќе можеме да се вратиме на животот кој го живеевме порано, онака среќни и насмеани, слободно да можеме да продолжиме да го истражуваме светот кој е толку убаво место за живеење. Сите ние продолживме да се движиме и покрај се она што стоеше, без разлика дали светот застана ние ги продложивме нашите животи само на малку поразличен начин од порано. Се надевам дека се оваа побрзо ќе заврши и ќе се вратиме на старото, но ќе се вратиме многу посилни и похрабри од порано, пандемијата не научи како е да се живее и во такви услови кога се стои и кога светот се распаѓа. Без разлика на се јас продложувам храбро да се движам понатаму и да ги остварувам моите соништа, бидејќи имам уште многу, многу желби кои треба да ги остварам понатаму. Ова е само еден мал дел од се тоа што проживеа светот во последната една ипол година.

 

+3