[Литература] Кристијан Гајдов – IX одд.
ШТО МЕ ДВИЖИ КОГА СЕ СТОИ
Седам сам. Го слушам лаежот науличните кучиња. Надвор е темно, одвај некоја ѕвезда
успева да го пробие темниот небесен свод,сакајѓи и таа да боде слободна, да диѓе чист
воздух. Сите спијат или се некаде далеку,далеку од мене од моето срце
Почнувам да чувствувам тежина, како огромна планина да ме притиска на градите. Се
гушам и излегувам на балкон. Студениот воздух ми навлегува во телото,се вртам околу
себе и како да не го препознавам местото на кое се наоѓам,моето омилено столче на
кое често ги поминував топлите летни ноќи, гледајќи во ѕвездите. Мојот омилен
период од годината. Но, сега во овој момент сите тие убавини како да исчезнале, како
времето да застанало сега и овде. Ништо не се помрднува. Чудно,го нема ни ветрот кој
си играше со мојата коса, се застанало. Се чувствувам како да сакам да излезам од
сопственото тело, се шетам по балконот чувствувајќи дека тоа не сум јас, веселото и
храбро дете преполно со безброј идеи за иднината,за човештвото,за моите сакани, за
мене. Повторно седнувам, а очите не се затвараат, сонот веќе не ми е пријател.
Размислувајќи така како да станува посветло во собата, се разденува. Полека се
облекувам, ставам заштитна маска и излегувам да вдишам убав утрински воздух да ја
почувствувам росата на моите раце. И повторно истата слика. Се прашувам каде е
утринската свежина, мириса на чад, на киселина која ти ги пече очите,а росата каде е
таа зар и таа се изгубила во времето. Почнувам да трчам, се побрзо и побрзо сакајќи да
избегам од ова место, место каде се застанало. Трчајќи во непознат правец
размислувам за местото од кое бегам. Па тоа е куќата каде што го направив првите
чекори, ги доживеав најубавите моменти. Застанувам со изнемоштено тело, тело со
празно срце. Полека почнувам да чекорам по некоја осамена улица,а ладната пот тече
по моето лице. Се вртам наоколу,а сонцето веќе се обидувавда ги пушти првите зраци.
Покрај мене нема никој, знам дека е рано, но не толку за да нема запалена сијалица во
некоја куќа или некој некој човек кој излегува од својот дом. Се стои во место како и
пред некое време. Веќе ми се избиструва погледот и можам да го видам ѓубрето
оставено во тревата. Се повеќе се избиструва сликата пред мене. Опустошени улици,
опустошена околина. Празни срца кои ја зголемуваат осаменоста. Полека ми се
избиструва умот,го користам и последниот атом од моето тело, обидувајќи се да ја
сфатам суштината на ова време. Зар ќе дозволам и јас да застанам со сите. Зар и
доликува на мојата младост меланхолија и апатија? Нема да дозволам да ме претопат
во толпата на оние кои очекуваат можеби со волшебно стапче да си го разубават
светот,да си ги решат проблемите. Ги забрзувам чекорите вракајќи ја вербата во мене,
вракајќи ги сите мои копнежи кои се обидуваа да исчезнат од мојата глава. Па јас имам
толку пат пред себе, толку неостварени цели. Верувам дека постојат и други деца на
моја возраст кои сакаат да го придвижат времето, да го разубават својот живот, да ја
избркаат темнината на ова време. Храбро одам со мислите и срцето кон целта која ја
имам зацртано. Одам кон моите сакани и нивната безвременска љубов кон мене. Јас не
сум осамен ги имам најубавите работи на овој свет. Љубовта, решителноста да
променам се околу себе. Да ја вратам насмевката на моето лице, и надежта во моето
срце. Па нели надежта последна умира.
Не верувам дека се стои околу мене. Само треба упорно да ги посакуваме убавите
нешта, без размислување и со голема упорност секој ден, секој можен момент да се
трудиме да го постигнеме тоа што сме го замислиле мислејќи само на сегашноста на
иднината. Само така ќе станеме силни и ќе вратиме убавите нешта во нашиот живот.Ќе
го направиме посветол, поубав. Ќе создадеме свет во кој повторно ќе го мирисаме
свежиот утрински воздух, ѕвездите весело ќе светат на нашето небо,а сонцето со
својата својата магична убавини ќе го растопи мразот во нашите срца.
Бидете храбри, упорни во своите цели и идеи и не препуштајте и се на неизвесноста,
стравот, од новото живеење, новото време.