[Литература] Ивана Прочкова – IX одд.

Што ме движи кога се стои?

Зад нас е една година,една навидум чудна година во која светот само фигуративно застана! Животот не запре ниту во еден миг,можеби околности се видоизменети,условите во кои живееме се сменија преку ноќ за 180 степени,можеби поспоро,можеби побрзо,можеби пребрзо се` се одвива. Сето тоа е различноза секој од нас,зависи од тоа колку случувањата не погодуваат,колку и на кој начин ги доживуваме и перцепираме. Но едно е не` заменливо,животот не запре! Сеуште деца се раѓаат,сеуште луѓето стапуваат во брак,некои за жал и умираат,но тој круг на почетокот и крајот сеуште циркулира,можеби само рамнотежата е разнишана!

Во ова време-невреме како никогаш до сега во мојот живот,видов и почувствував што значи да имаш топол и хармоничен дом,родители кои секојдневно се трудат на мене и на брат ми да нѝ обезбедат подобра иднина,вредно работејќи со свои две раце,за ние да бидеме среќни и исполнети. Како никогаш до сега видов и почувствував дека за среќа треба многу малку,иако тоа малку напати е и` премногу! Почувствував дека здравјето нема цена,да си здрав значи се,односно ако си здрав имаш се` и можеш се`! Во ова време кога сите мои планови,желби и мечти преку ноќ го променија својот тек и својот појдовен облик,сепак она што ми дава сила,волја,мотив за да издржам е вербата во љубовта,емпатијата,другарството,во срдечноста,во добрата мисла,во добриот напишан и изустен збор,во несебичноста,во взаемната помош. Тоа се работите кои не ми дозволуваат да потклекнам,да се разочарам,да се откажам од себе си` и од животот! Топлата другарска прегратка,разговорот со другарките,дружбата во форми и облици поинаква од претходно ми го полни срцето со љубов и со енергија за секој следен ден,со надеж да истраам,знаејќи дека сите сме добри и сите сме на број. Не сомнено секоја генерација го живее своето време,ова време-невреме е нашето време,на генерацијата на која и припаѓам. Сите големи умови изведрени се од некои вакви за тие прилики чудни и тешки времиња. Па така и меѓу нас,се калат некои нови научници,музичари,сликари,математичари,хирурзи,оперски пејачи,инженери,професори,доктори итн. Знам дека не сомнено ќе дојдат подобри и поубави времиња но ова е нашето време! Цела младост се радував на секоја матурска прослава,на секоја генерација полуматуранти,мечтаејќи си каква ќе биде мојата-нашата прослава. Но денес,за чудо не очајувам,зошто свесна сум дека има многу мои врсници кои имаат многу поголеми проблеми,живеат во тешки услови,немаат кров над главата,се борат за својот живот со тешки болести кои им надвиснале над нивните кревки тела,некои пак оставени и напуштени од своите биолошки родители кои за жал не ги ни запознале. Овој свет е болен и желен за многу љубов и многу топлина,љубовта е лекот кој се може да исцелува! Љубовта е таа која мене ме движи,желбата да помагам,желбата да ги усреќувам сите кои ги знам и кои не ги познавам,дали со дела,дали со добар збор,дали со насмевка таа е мојата движечка сила,мојот турбо мотор,благодарение на кој се чувствувам многу исполнето,многу среќно,со желба да дадам секој ден се повеќе и повеќе. Колку повеќе себе се давам,толку повеќе добивам за воврат!

Тоа е законот на космосот,движечка сила која постои од кога човекот постои! Во малкуто слободно време кое ми преостанува,се трудам најпрво училишните обврски да ги исполнам,да прочитам некоја нова книга за да ги проширам и продлабочам своите хоризонти,да слушам музика итн. Желбата несебично да помагам ми го трасирше патот кон мојата следна професија,која сега во ова време доби на значење но истовремено и е на голем удар,одлучив да бидам лекар,затоа сакам да се запишам во средното медицинско училиште. Со надеж дека еден ден и јас ќе можам со сета ссвоја љубов и со сето знаење да помогнам овој свет да биде многу поубаво место за живеење!

Љубовта е силата која го движи светот,кога неа ја имаме тогаш иимаме се`,без неа сме никој и ништо!

 

 

 

 

 

+149