[Литература] Ивана Пановска – VIII одд.

,, ШТО МЕ ДВИЖИ КОГА СЕ СТОИ?’’

 

Беше среда. Часовите ни завршија, ги звршив и обврските. Седнав безволно покрај прозорецот во мојата соба. За миг погледнав низ него. Надвор времето беше прекрасно. Се слушаше песната на птиците, а цвеќињата ја красеа градината. Сонцето ме измами да излезам во дворот. Беше рана пролет, природата се будеше и сE беше прекрасно. Земав книга, седнав на столчето и почнав да читам. По некое време ја затворив книгата.Нејзината содржина ме натера да размислувам што е тоа што ме движи кога се стои. Дали е школувањето, другарството или пак социјалниот живот? Што е тоа што ми дава волја за живот? Што е тоа што ме поттикнува да се трудам и да успеам?

Кој е двигателот што ни помага да ги надминеме сите препреки низ долгата патека по која чекориме – животот? Љубов, надеж, желба за успех… Гледањето на повозрасните како се борат за имот, богатство, работа, често ме води кон едно прашање. Дали тоа ги движи? Дали и тие кога биле на моја возраст размислувале за овие работи? Размислував за мојата иднина. Кој е патот за сигурен успех и за добра иднина? Кој е патот кон среќата и мирниот живот? Би почнала со надежта. Надежта за подобро утре. Таа го осветлува мрачниот пат кој е полн со препреки. Таа е блескава ѕвезда во темнината. Таа не поттикнува да се трудиме, храбро да се бориме и никогаш да не се откажуваме. Да не се откажуваме од саканата цел и да веруваме. ,, Учете од вчера, живејте денес, надевајте се за утре. Најважно нешто е да не ја изгубите љубопитноста’’, рекол Алберт Ајнштајн. Со нашата верба и надеж и невозможното можеме да го направиме возможно. Колку тоа да се чини тешко и неостварливо, ние можеме да го постигнеме. Доколку храбро се бориме, се надеваме, се трудиме – тогаш ќе стигнеме до нашата цел. Ќе го постигнеме посакуваниот успех. Со љуов, надеж, верба и желба сЕ е многу полесно. Тие ни го осветлуваат секое мрачно место, ни го разубавуваат секој лош момент, ни даваат сила со која можеме да надминеме сЕ. Сила со која ќе го преживееме секој пад и ќе станеме посилни од порано. Љубовта кон некого или нешто не принудува на сЕ. Љубовта нема граници. Таа не признава порази и падови. Секогаш нЕ движи и ја крева нашата глава горе. Прави да се чувствуваме гордо и сигурно. Што доколку не постоеше љубота? Сите би биле неисполнети и незадоволни од самите себе. Би имале празно срце и душа. Би немале чувства. Не би можеле да се движиме и гордо да стигнеме до целта. Љубовта и желбата е чувство кое секој кој сака да успее, треба да го има. Без нив е тешко. Без нив ќе стигнеме до ќор сокак. Секоја вечер пред да заспијам посакувам наутро да се разбудам со добри вести. Секој се надева за нешто подобро и поубаво. Оваа семка љубов, надеж која живее во мене е засадена од моите родители. Нивната пожртвуваност за мене, нивното внимание и љубов кон мене е тоа што ме движи. Како што рекол Платон: ,, Со допир на љубовта секој станува поет’’. Јас со допир на љубовта од родителите полека станувам човек. Станувам цврста и одговорна личност во општеството. Личност која ќе има можност да го запознае самиот живот користејќи ги своите способности да сонува и да ги исполнува своите цели. Секој нов ден е ново доживување и нова надеж. Нашиот живот е како роман, ние сме неговиот автор. Ние го пишуваме постојано и се бориме и надеваме за негов добар крај. Ние го правиме да биде поубав.Се додека има надеж ништо не може да го уништи човекот. Надежта секогаш не одржува, не поттикнува и ни кажува дека утре ќе биде подобро. Дури и оној којшто нема ништо може да има надеж. Надежта не ги дели луѓето, таа е со сите без разлика на бојата на кожата, верата, националноста… Кога има надеж тогаш има сЕ. Една италијанска поговорка гласи:,,Надежта е последното нешто што исчезнува”. Таа е со нас во секој момент, не предизвикува, не разочарува но никогаш не нЕ напушта. Секогаш е со нас. Таа е најдобриот лек за безизлезноста, самотијата, стравот и безпомошноста.За сЕ што не мачи и сЕ што ни пречи надежта има лек. Ни дава волја и желба за живот. Надежта ми дава сила и крилја со кои ќе полетам. Крилја кои не се кршат и кои ќе не однесат до нашата посакувана цел. Надежта е патот до среќата, успехот и добриот живот. Моќта не е физичката убавина, моќта е во срцето. Надежта е сегмент кој сјае во сечие срце. Таа го чека моментот кога најсилно ќе блесне. Го чека моментот кога човек ќе сфати дека таа е корисна, кога ќе излезе на виделина се што таа крие длабоко во себе. Таа крие безброј тајни, има клуч за сите врати, а ние треба да се потрудиме за да го најдеме вистинскиот. Без верба и надеж ова е невозможно. Посакувам во секој еден од нас да живеат љубовта и надежта. Никогаш, ама баш никогаш да не се игнорираат и да не се потиснуваат длабоко во себе. Доколку секој би ги имал овие две благодетни духовни богатства, животот би бил бајка во која секој би сакал да добие улога. Би немало омраза, меѓусебно завидување, кавги, непријателства и немири. Секој би бил среќен и задоволен со тоа што го има. Во светот ќе владее пријателството, а не војни и немири. Би сакала љубовта, слободата и надежта да беа смислата на еден човечки живот. Тоа се работите кои не движат кога се друго застанува. Тие се единствени кои никогаш не застануваат. Тие се составен дел на секоја личност во текот на целиот живот. Надежта е како виножито кое се појавува по дождот. По секое ,,невреме” во нашиот живот, таа е наша утеха. Не поттикнува да се бориме и да не се откажуваме. Таа го прави светот поубав и посреќен. Кога секој е полн со надеж тогаш секој е среќен. Надежта е мото кое ни дава утеха дека нештата ќе станат подобри. Сакам да верувам, да сонувам и да се надевам. Тоа ми дава желба да живеам, ми го прави животот повозбудлив и поубав. Секоја вечер кога денот ќе заврши, кога сонцето ќе зајде и кога сЕ ќе стивне, многу сакам да прочитам барем некоја страна од некоја убава книга . Таа ме оддалечува од сите лоши работи околу нас и ме смирува.Со нејзината содржина ми овозможува со најголемата брзина да патувам, да се запознавам со нови ликови. Таа ни нуди безброј нови доживувања и авантури. Ја зголемува нашата фантазија и надеж. Читањето книги исто како и надежта може да не движи кога сЕ стои. Содржината на книгите не поттикнува да размислуваме повеќе и да сонуваме. Читањето е превозно сретство кое не носи секаде без воопшто да се движиме.

Животот е дар од Бога кој треба да го живееме и уживаме. Да се живее значи да се бориме и со сигурни чекори да се движиш низ патеката живот. Долго размислував ,, Што ме движи кога се стои?’’. По долгото размислување сфатив дека тоа не е само едно нешто. Тоа што нЕ движи и ни дава волја за живот е во нашето срце и во нас. Тие чувства и потреби се во нас и засекогаш ќе останат таму. Ние сме нивниот дом, а тие нашиот. Секогаш кога ќе бидеме загрижени и безволни тие ќе ни дадат утеха. Од дното на мојата душа посакувам секое живо битие да е полно со надеж и љубов. Само така животот би бил бајка. Љубов ќе царува насекаде и никогаш и никаде нема да има болка и страдања.

 

 

+117