[Литература] Ивана Георгиевска – VIII одд.
Што ме движи напред кога се стои
Во ова време, невреме
кога се е темно и тмурно
живееме ново нормално
тивко, изолирано, а сепак бурно.
Се застана, светот чудно стои
часовникот упорно времето го брои
единствено надежта, непокорна сака
да ја избрише тагата и чудната мака.
Надежта и љубовта здружни сили нудат
секое утро насмеана ме будат,
ми даваат елан и сила, тие друшки мои
да го гледам светот во волшебни бои.
Љубовта ме научи да се движам напред
да се борам храбро во овој неред
да бидам трпелива, истрајна и храбра
да си го ставам животот во ред.
Ќе успеам, силно верувам во себе
не се предавај, те предизвикувам и тебе
љубовта да победи, да не гали милно
да придвижиме се напред – здружно и силно.
+41