[Литература] Ива Порјазоска – III одд.
Што ме движи кога се стои?
Јас незнам што е тоа што ме движи кога се стои. Сакам и вие да ми помогнете и задно да откриеме. Утредента сабајлето јас сакав да откријам што е тоа што ме движи кога се стои. Прво испробував да бидам музичар но не успеав и не знаев да свирам. Испробував различни работи и никои од нив не ми успеваа, а овие се некои од тие работи што ги испробував:
Се обидував да пеам ама и самата си реков дека не знаам да пеам, се обидував да бидам готвач и готвев најразлични работи и тие не ми успеваа, се обидував да бидам магионичар но нзнаев никакви трикови да направам, се обидував да бидам фризер но многу лошо правев фризури, пробував да танцувам но ни тоа не ми успеа, и уште многу други работи испрообував, и никоја од нив не ми успеа.
Јас мислев дека не можам да правам ништо и многу денови не се обидував да испробувам нови работи и да откријам што е тоа што ме движи кога се стои.
Една вечер кога среде ноќе се разбудив ми текна една идеја која уште не сум ја испробала.
Утредента попладнето мене ми текна за тоа што сум го мислела вчера.
А тоа што ми текнало било да испробам и да видам дали ме движи уметноста и креативноста. Јас тоа попладне ги испробував сите техники со кој што може да се црта и да се прават креативни работи од хартија. Пробував да цртам со водени боици, со темперни боици, со мрсни боици со фломастери, со акрилни бои, потоа пробував да цртам на платно па почнав оттогаш и да цртам на камења.
Сите ми викаа дека многу убаво цртам и дека многу убаво правам креативни работи и јас исто така се сложував со нив и потоа сватив дека кога се стои мене ме движи уметноста и креативноста.
Секој ден цртав и правев многу креативни работи, а сега затоа што има корона и не можеме да излзме никаде, јас цело време сдев дома и цртав на најразлични работи и со најразлични технки на цртање.
Многу нешта цртав цело време а кога се распуштивме јас едвај чекав да цртам преубави слики и да правам нешто креативно.
Потоа сите ми викаа дека мене ме движи цртањето, сликањето и креативноста, па и тоа беше точо.
И јас открив дека кога се стои мене ме свижи уметноста и креативноста.