[Литература] Дебора Анастасова – VI одд.

Кога сè стои

 

Денови и месеци минуваат,

ама како деновите да не се менуваат.

Како сè да стои на место,

си мислам, многу често.

 

Секој ден е иста песна,

еднолична е, верувајте не е ниту смешна.

Сè застанало и стои,

и часовникот како да не брои.

 

Имам еден предлог сега јас,

да се промени нешто треба во овој час,

треба да се направи нешто во овој миг,

во мене се јавува еден вик.

 

Јас сум мала и само една,

за да направам промена вредна.

Но, зар и најголемата покривка снежна,

не започнува од само една снегулка нежна?

 

Кога сè на едно место стои,

кога ни времето не брои,

промена копнеам да видам,

тоа во движење ме тера да бидам.

 

 

+190