[Литература] Давид Тодоровски – VIII одд.

ШТО МЕ ДВИЖИ КОГА СЀ СТОИ

 

ЖИВОТОТ Е ЅВЕЗДА КОЈА ТРЕБА ДА МЕ ВОДИ НАПРЕД

ЖИВОТОТ Е БОГАТСТВО КОЕ ТРЕБА ДА СЕ ЧУВА,

НО ДОАЃААТ МОМЕНТИ КОГА СЕ СЛУЧУВААТ НЕШТА

И НАШИОТ ЖИВОТ СЕ МЕНУВА.

 

НО ДАЛИ ДА ЗАСТАНАМ ПРЕД НОВИТЕ ПРЕЧКИ,

ДАЛИ ДА КАЖАМ СЕ ОТКАЖУВАМ

НЕ, ПРОДОЛЖУВАМ ДА ЖИВЕАМ СО ПОЛН ЗДИВ,

ЌЕ ПРОНАЈДАМ ШТО МЕ ДВИЖИ И ИСТРАЈНОСТ ЌЕ ПОКАЖАМ.

 

АКО СЀ СТОИ, НЕМА ДА ЗАСТАНАМ И ЈАС,

МЕ ДВИЖИ МОЈАТА МИСЛА, МЕ ДВИЖИ НЕКОЈ ГЛАС

ДА ПРОНАЈДАМ РАБОТИ ШТО СРЕЌЕН МЕ ПРАВАТ

И ЖИВОТОТ УБАВ ЌЕ ГО НАПРАВАТ.

 

МЕ ДВИЖИ РАЗГОВОРОТ СО МОЈОТ ТАТКО

МЕ ДВИЖИ ПРЕГРАТКАТА СО МОЈАТА МАЈКА

МЕ ДВИЖИ СМЕАТА СО МОЈАТА СЕСТРА

ДА, ЖИВОТОТ МОЖЕ ДА БИДЕ БАЈКА.

 

МЕ ДВИЖИ ТОПЛИОТ СОНЧЕВ ДЕН

ИГРАТА СО ДРУГАРИТЕ СВОИ,

МЕ ДВИЖИ ПРОШЕТКА И ВОЗЕЊЕ ВЕЛОСИПЕД

МЕ ДВИЖИ МУЗИКАТА И ОМИЛЕНИТЕ ПЕСНИ МОИ.

 

 

 

 

 

 

 

+42