[Литература] Дарио Јосимовски – VIII одд.

Што ме движи кога се стои

Секој човек е ненапишана песна која јуриша против судбината на човекот.Борбата е остварување на таа песна.Многу пречки,многу бездни морат да се премостат за да се оствари таа борба.Но таа борба не може да се оствари без семејството. Човекот секогаш остава трага кај своите најблиски преку неговите постапки и начин на однесување.Затоа најбезбедното место,најцврстата корупка каде никој нема да те повреди е семејството. Животот е трнлив, но затоа пак живееме убави моменти со своето семејство. Со секое изгрејсонце се раѓа нов ден,а денот е најубав кога почнува заедно со семејството.

Семејството е нешто што ме движи и кога се стои.Кога сум во тешките денови тие ми помагаат да ги преболам тие долги и тешки денови од мојот живот.Денови што како грутка тврда земја се држат за мојата душа.Моето семејство е како светлината во мракот која ме движи.Кога сум со нив секогаш се чувствувам слободно,спокојно,целосно и исполнето.Да се има семејство значи дека не постои никаков проблем или пречки пред нас која не можеме да ја поминеме.

Колку и да се караме,да им замерувам и молчам,лутината секогаш ми поминува.А молчењето,ете тоа молчење го заменувам со радосен збор и топла прегратка.

Тие се личностите кои ме потсетуваат дека треба да го продолжам својот живот и дека што и да се случи во нашите животи треба да бидеме секогаш позитивни и насмеани.

Човекот и кога има пари и кога има ум не може да биде среќен ,доколку нема семејство.Нема човек кој не би ја поделил својата радост,среќа,тага со своето семејство. Да се има семејство значи да се има цел еден свет, дома.Да се има љубов, да се има блискост, да се има топлина,тоа значи дека го имаш највредното нешто во животот а тоа е да имаш семејство.Да се има семејство значи дека никогаш нема да бидеш осамен.

Семејството е она што те прави среќен.Семејството е она што те прави спокоен.

А, домот е целосен само кога семејството е цело.

Семејството се оние луѓе кои никогаш нема да ја изневерат твојата доверба.

Затоа луѓе треба да се цени своето семејство. Првото училиште низ кое одиме во животот е семејството, таму учиме како да се однесуваме. Семејството е нашиот идол.патоказ,пат по кој чекориме.Семејството го обликува нашиот карактер, нашето размислување, нè учи како да носиме одлуки,да разликуваме што е добро ,а што е лошо,што е праведно , а што е неправедно.

Членовите во семејството нè прифаќаат такви какви што сме и нашата љубов кон нив, и нивната кон нас, никогаш не запира. Секој од нас има други личности во животот, но семејството е најголемата потпора и во добро и во лошо. Чувајте го до вас семејството,бидејќи тоа безрезервно ве сакаат и ве поддржува.

Семејството не го сочинуваат само луѓето со кои сте крвно поврзани. Го сочинуваат и луѓето во вашиот живот кои сакаат да ве имаат во нивниот живот. Луѓето кои ве прифаќаат такви какви што сте. Луѓето кои би сториле сѐ за да ве видат насмеани и среќни, а јас сум среќник бидејќи имам едно такво семејство.

И на крај можеме да заклучеме без семејство сме никој и ништо.Без семејство пропаѓаме во најмрачната бездна на смртта.Без семејство сме слабо створение без исконска сила и човечност.Должност ни е да го чуваме нашето семејство. Само со негување и зачувување на семејните вредности ќе имаме темел за постигнување на здраво општество .

Семејството е и надеж и иднина.Надеж за подобра,поубава и посигурна иднина.

Сакам да му се заблагодарам на моето семејство. За сите маки и проблеми кои сум ги направил,за сите суровости и детски интриги им се извинувам.Без нив, не би бил она што сум денес. Ако не бевте во мојот живот, јас немаше да стигнам толку далеку, ниту пак ќе бев доволно силен за да носам важни одлуки во мојот живот. Ме научивте што е тоа љубов и дека љубовта е насекаде .

Затоа можам да кажам во оваа време-невреме каде царува злобата и најлошата болест на денешницата –короната,таа кралица на смртта,семејството е мојата силната движечка сила и кога се стои.Не е важно во животот што имаме,каде живееме ,туку важно е кој го имаме и со кој живееме и ги поминуваме сите моменти од животот. Врвот на среќата можеме да го доживееме само во семејството. Интересно е како некои луѓе оставаат трага во нашиот живот, најголеми траги остава семејството.

Затоа апелирам луѓе мои,сограѓани ,пратеници наставници,министри,лекари на сите ви се обраќам во име на сите деца да се фатеме рака за рака да формираме што повеќе згрижувачки семејства,семејства кои ќе бидат нова надеж за децата без родители,надеж за многу осамени и скршени деца кои доцна во ноќта посакуваат да имаат семејство ,кое ќе се грижи за нив.Семејство кое ќе им овозможи подобро утре,во кое ќе се чувствува среќно и сакано. Згрижувањето е навистина прекрасна можност.Оној кој сака да згрижи дете е нешто најдоброто што може да направи .Тогаш и само тогаш може еден човек да биде човек во вистинска смисла на зборот.

На секое дете му треба љубов и семејство.

Децата заслужуваат да ги зачуваат своите надежи и соништа дури и во најтешките моменти.

Домот не е некаде,домот е со некого,со семејството,само кога имаме семејство ќе имаме убав и топол дом.А тоа го заслужуваат сите тие невини деца на овој свет,деца кои за ништо не се виновни,деца кои сонуваат и мечтајат за еден топол збор,една топла прегратка и бесконечна љубов.

 

 

+96