[Литература] Ања Симоноска – I година

Што ме движи кога сѐ стои

 

Што ме движи кога сѐ стои?

Јас во место, а сепак миговите часовникот ги брои,

мојот живот е мноштво бои,

дури и овој препев емотивно твори.

 

Немо толкувам настани,

коректни и лажни информации,

на телевизија често примери слушам,

на дел се восхитувам, а од дел се гушам.

 

Јас вам ви говорам за сите овие сказни,

приказни среќни и тажни,

драгоцената вистина некогаш толкувана како лага,

особено кога некој ќе заборави да подаде рака, иако сме во мака.

 

Ми се зема сиот здив,

убавите работи ја движат насмевката на мојот лик,

времиња каде сите сме блиски, душите чисти,

има место за секој да седне на фамилијарната гозбена маса,

наздравуваме за цела човекова раса.

 

Ме движи времето кога сѐ изгледа дека стои,

пасија и соништа за кој човек вреди да се бори,

ви одговорив на прашањата ваши,

срдечен поздрав до големи, средни и мали,

опоравените и тие сѐ уште со дамки,

ќе успееме иако сме паднале во замки.

 

 

 

+263