[Литература] Ангела Атанасовска – III година
Што ме движи кога сẻ стои?
Живеев во свет исполнет со секакви мечти, радости, љубов, почит и разбирање. Деновите ми беа поминати и со негативно чувство: тага, пролеани солзи, мечти кон сакана (љубена) личност – со чувство на тага. Но, сепак тоа е обичен живот на еден човек. Живот со многу дружби, смеење, а најважно го имавме здравјето, кое секогаш не држеше. Се додека, не си замина прекрасниот живот.
Како се чувствував пред, а како се чувствував потоа?… Сите ученици сме сведоци на едно време, во кое се дружевме и послем два часа бевме известени дека училиштата од утрешниот ден ќе бидат затворени – четиринаесет дена. Но, кај некои од нас се појави многу радување. Заедно со таа вест бевме известени дека низ цел свет се движи болест по име, „Ковид 19” и заради тоа, треба да седиме дома и да си го чуваме нашето здравје. Имаше премногу исплашени луѓе, но јас спаѓав во таа група на луѓе, која воопшто не се плашам. Сепак, мојот живот си остана ист, немаше одење на училиште, но тоа што ме остави да си го живеам животот, е тоа што не бев заинтересирана за Ковид 19.
„Јее, четиринаесет дена нема училиште, па ќе можам да се одморам малку од книгите…”
Ах, четиринаесет дена полека, пополека одминуваа, а јас ги броев уште колку ми останува да седам дома, за да почнам на училиште. Поминаа дванаесет дена, и точно на тој ден кажаа дека треба од утрешниот ден, сите луѓе да си купиме заштитни маски за нашето лице и нараквици, и кога излегуваме некаде да ги носиме нив и во домовите, исто така, да си купеме средство за дезинфекција и од секоја прошетка што ќе ја направиме надвор од нашиот дом, кога ќе се вратиме да си ги дезинфицираме нашите раце. Ковид 19 веќе преовлада и кај нас, состојбата од тој ден се повеќе и повеќе се влошува. Од оваа вест, јас почнав да ги почитувам мерките за претпазливост.
„Знаете ли што се случи кога за прв пат излегов на широк сокак?” Ја немаше таа хармонија на луѓе. Наоколу беше се празно. Како што ни беа затворени улилиштата, така и се затвораа рестораните. Немаше луѓе кои го пијат своето утринско кафе заедно со своите пријатели и разговараат. Кога шетав, немаше човек на кого му се гледаше лицето бидејќи му беше покриено со маска. Да се поздравев со некого многу сакав. До мене наидоа мои стари другарки со кои сме го делеле нашето секојдневие. Одеднаш се тргнаа од мене, ме поздравија
„Како си Ангела?!”, се почувствував како оттуѓено, но со последните зборови
„Да се чуваме и пазиме, за брзо ќе се видеме” ме одведоа во ослободување на душата. Бев целосно зашеметена, во главата се ми беше хаос. Не можев повеќе да продолжам со шетање. По пристигнувањето во мојот дом, ја извадов маската од моето лице и ставив на раце дезинфекција, кое што никогаш не сум го правела во мојот живот. Отидов во мојата соба, седнав на стол и почнав да размислувам:
„Ќе биде ли утре вака, или пак, сега сонувам?”
Се беше вистина, и следното утро седев дома и така секој ден до пролетта. Но, со доаѓањето на пролетта, дојде и мојата смисла како да се вратам во стариот живот. Одлуката ме одведе во селото на мојот дедо ,,Ивени”. Животот таму е сосема поинаков од град. Нема луѓе, но го има најчистиот воздух.
„Чекорам по патот на тишината,
а тој ме води кон дното на убавината.
Недогледни и чисти планини поминувам
со мирис на полен
поминувам за да го пронајдам патот
што до моето село се приближува.
Сонцето штотуку заоѓа,
па енего оној камен
кој приказки од селскиот живот
раскажува.”
Оваа песна, е посветена за селото. Таму птиците шумно пеат, чешмата на сред селото течи и лисјата на дрвјата шумат. Шетав без маска низ убавините на селото и ме дуваше ветер. Ја нема таа хармонија на исплашени луѓе, туку свет со свежина. Следното утро ми беше најубаво. Станав, не ги употребив воопшто маската и средството за дезинфекција. Шетав низ селото, ја посетив црквата и убаво ја изметив. Се измив од црковната чешма и отидов на сред селото каде што беа моите братучеди и мојот брат. Се фативме на оро, изигравме и пеевме. Заборавивме на пандемијата. Но, среќни не правеше тоа што сме заедно. До нас се доближи нашиот дедо. Тој не одведе на незаборавна прошетка низ селото, и ни ги раскажа сите маки, радости и спомени што ги има. Ни ја покажа и воденицата. Неа не можам, а да не ја споменам. Таа е спомен од мојот прадедо, татко на дедо ми. Ја направил, за да можат да си направат леб и сите селани во тоа време ја користеле. Изгледаше како сега да е правена. Убав спомен видовме од нашиот дедо. Најскапоцено нешто што остана во моето срце. Враќањето во куќата ни беше највозбудливо, сите заедно ќе спиеме во една соба и ќе има многу дружба и забава. Во овие моменти се чувствував многу среќна. Ноќта помина и ние следниот ден се вративме во град. Тоа место ми ја даде најубавата хармонија на стариот живот. Сега кога го пишувам ова, се чувствувам уште како да сум во село. Иако, и сега училиштата се затворени, јас учам и творам пред компјутер. Но, најважно ми е сите да сме живи и здрави и многу среќни. Бидејќи спомените се незаборавни. Дружбата ме одведува во светот на бајките. И во овој момент останува се како што си е во пандемија. Оваа состојба побрзо ќе помине, ако моментите си ги поминуваш со сакани личности. Дружба, смеа и забава, позитивата на еден човек.
Сегашноста ја заборавам пандемијата, кога сум со моите сакани и тоа ме движи кога се стои!