Конкурс за краток филм

НАГРАДЕН КОНКУРС
за краток филм со општествена порака
(организиран од Гимназија „Алгоритам“ во соработка со Продукција „Аски Катаски“)

Гимназија „Алгоритам“, во партнерство со продукцијата „Аски Катаски“, распишува Конкурс за краток филм за ученици од основното и средното образование. Целта на конкурсот е поттикнување на креативноста, визуелното изразување и критичкото размислување кај младите. Конкурсот има некомерцијален, едукативен и културен карактер. Неговата цел е преку кратка видео форма да се пренесат општествено важни пораки кои ги засегаат младите денес.

ТЕМА: „МОЈОТ СВЕТ ДЕНЕС“
Кратките филмови треба да обработуваат општествени теми релевантни за младите, како што се:
● пријателство, емпатија и почит
● врсничко насилство и онлајн безбедност
● ментално здравје и емоции
● различност, идентитет и самодоверба
● влијанието на социјалните мрежи
● екологија и грижа за околината
● соништа, стравови и визии за иднината
Пораката треба да биде јасна, искрена и автентична, раскажана од перспектива на младите.

КАТЕГОРИИ ЗА УЧЕСТВО, ФОРМАТ И УСЛОВИ ЗА ФИЛМОТ
Според возраст:
1. категорија: I – VI одделение (времетраење до 1 минута)
2. категорија: VII – IX одделение (времетраење до 3 минути)
3. категорија: Средно образование (времетраење до 3 минути)

Формат на видео: вертикален (9:16) или хоризонтален (16:9) (прилагоден за TikTok, Instagram Reels, YouTube Shorts или проекција)
Жанр: слободен (игран, документарен, анимација, експериментален, видео-порака)
Јазик: слободен (со или без говор)

ТЕХНИЧКИ УСЛОВИ
● Филмот може да биде снимен со: мобилен телефон, дигитална или видео камера
● Дозволена е основна монтажа (сечење, звук, титлови, едноставни ефекти)
● Формат на фајл: MP4 или MOV
● Креативноста, идејата и пораката се поважни од техничката опременост

УСЛОВИ ЗА УЧЕСТВО
● Право на учество имаат сите ученици од основно и средно образование
● Учество е можно: индивидуално или во тим
● Учесниците треба задолжително да имаат ментор (наставник/професор)

КОТИЗАЦИЈА
● За учество на конкурсот се плаќа котизација од 600 денари.
● Заедно со пријавата и линкот до филмот, задолжително се доставува и скенирана или фотографирана уплатница / доказ за извршена уплата.
● Уплатата се врши на следната сметка:

Назив на примач: АСКИ КАТАСКИ ПРОДУКЦИЈА ДООЕЛ Скопје
Банка: Комерцијална банка АД Скопје
Број на сметка: 300000005381111
Назнака: Котизација за конкурс за краток филм
Пријавите без доставен доказ за уплата нема да бидат разгледувани.

НАЧИН НА ПОДНЕСУВАЊЕ
Краткиот филм треба да се испрати по електронски пат на: konkursi.algoritam@gmail.com
Во пораката задолжително да стои:
● Име и презиме на ученикот / тимот
● Возрасна категорија
● Училиште и одделение / клас
● Име и презиме на менторот
● Контакт e-mail и телефон
● Назив на филмот
● Линк до видеото (Google Drive, WeTransfer или слично)

КРАЕН РОК
15 март 2026 година, до 23:59 часот
Трудовите испратени по истекот на рокот нема да бидат разгледувани.

КОМИСИЈА И КРИТЕРИУМИ ЗА ОЦЕНУВАЊЕ
Филмовите ќе ги оценува стручна комисија составена од професионалци од областа на филмот, медиумите и визуелната уметност.
Критериуми:
● Јасност и сила на пораката
● Оригиналност и креативен пристап
● Раскажување и драматургија
● Визуелна и звучна целина
● Прилагоденост на возраста

НАГРАДИ
Во рамки на конкурсот ќе бидат доделени по една прва и една втора награда за секоја категорија. Наградите се во вид на техничка опрема, обезбедена од продукцијата „Аски Катаски“.
Со доставувањето на краткиот филм, авторот/авторите ѝ отстапуваат на Гимназија „Алгоритам“ право на користење на делото за промотивни и маркетиншки цели, како и право на јавно прикажување и објавување, без временско и територијално ограничување.
Сите учесници на конкурсот ќе добијат сертификат за учество.
ОБЈАВА НА ТРУДОВИ И РЕЗУЛТАТИ
● Сите валидно пријавени учесници и нивните трудови ќе бидат објавени на официјалната веб-страница и/или социјалните мрежи на Гимназија „Алгоритам“
● Резултатите од конкурсот ќе бидат јавно објавени по завршување на процесот на селекција