Гимназија Алгоритам стана официјален, лиценциран Microsoft тренинг-центар за сите Certiport, Inc. курсеви. Учениците на Гимназија Алгоритам сега имаат специјална можност да добијат Microsoft Office Specialist – MOS сертификат за промотивна цена од само 700 ден.
Microsoft Office Specialist (MOS) сертификатот е водечки ИТ сертификат за информации во светот. Повеќе од 1 милион MOS испити се полагаат секоја година во повеќе од 140 земји во светот.
Сертификатот потврдува дека кандидатот има знаења, вештини и способности за користење на Microsoft Office. MOS ви овозможува да се стекнете со знаења за карактеристиките и функционалноста на системот Microsoft Office, што резултира со зголемено ниво на индивидуалните перформанси, доверба и диференцијација.
Во академијата, MOS промовира успех во предавањата за студентите (и инструкторите), гради индивидуална разлика, и ги подготвува студентите да бидат поконкурентна работна сила на пазарот на труд. Во секторот за бизнис, MOS драстично ги зголемува продуктивноста во канцеларијата и ефикасноста на организацијата, го зголемува задоволството од работата и достигнувањата во кариерата на вработените.
Зошто да се сертифицирате ?
Во светот на ИТ професионалците, сертификатот е документ кој докажува знаења и вештини кои тие ги поседуваат. ИТ сертификатот се добива со полагање на испит во еден од овластените центри за тестирање, согласно со овластувањата од производителот на софтвер, хардвер, опрема, или други тела за стандардизација и организации. Поради брзиот развој на технологијата дипломата или сертификатот веќе не се доволни сами по себе, па, Гимназија Алгоритам веќе пет години во својата наставна програма има вклучено и систем за задолжителна сертификација на учениците за примена на компјутер, се со цел да им помогне на учениците во можеби најтешкот чекор за стекнување на сертификат, а се тоа во соработка со Microsoft.
Содржина за Word испитот?
Споделување и управување со документ
- поставување прегледи на документ
- поставување заштита на документ
- управување со различни верзии
- споделување на документ
- снимање на документ
- употреба на готов урнек
Форматирање на содржина на документ
- менување на фонт
- пребарување на текст низ документ
- формат на параграф
- поставување големина на проред
- креирање на табели
- правење промени на постоечки табели
- додавање набројуванки
Креирање изглед на страна
- поставување маргини
- поставување тема на документ
- конструирање содржина во документ
- креирање и правење промени на позадина на документ
- креирање и правење промени на
Работа со слики и други форми во документот
- вметнување слика во документ
- вметнување форми и уметнички текстови
- вметнување на други објекти
- вметнување на текст во документ
Проверка на документ
- опции за проверка на правопис и граматика
- опции за автоматска поправање на зборови
- вметнување на коментари низ текст
Вметнување референци и линкови
- вметнување линк до надворешен објект
- креирање фусноти
- креирање содржина на документ
Циркуларно писмо
Управување со работни листови
- работен лист
- принтање на документ
- персонализирање на документ
Потполнување ќелии
- внес на податоци во ќелии
- употреба на автоматско пополнување на ќелија
- вметнување на линкови
Форматирање ќелии и работни листови
- промена на податоци во ќелија
- спојување и разделување на ќелии
- поставување наслови на колони и редови
- сокривање и откривање на колони и редови
- поставување на опции за страна
- стилови на ќелии
Управување со работни тетратки и листови
- креирање нови
- промени на преглед на документ
- преглед на работна тетратка
Внесување формули и функции
- внесување формула
- собирање податоци со функции
- собирање податоци со меѓузависни функции
- форматирање и правење промени на податоци со функции
Визуелна презентација на податоци
- креирање табели од дадени податоци
- внес на илустрации
- вметнување на слики во документ
- креирање и правење промени на слики со употреба на Image Editor
Споделување податоци од документ со други корисници
- користење коментари
Организирање и анализирање податоци
- филтрирање податоци
- подредување податоци
- користење условни податоци