УЧИЛИШТЕН ФЕСТИВАЛ НА КРЕАТИВНИ ДЕЛА ОД ОБЛАСТА НА ДИГИТАЛНАТА УМЕТНОСТ И ЛИТЕРАТУРАТА
Гимназијата „Алгоритам“ распишува:
НАГРАДЕН КОНКУРС
за изработка на креативно дело во следните области:
- Филм,
- Литература или
- Дигитална илустрација
Правила за пријавување:
- Право на учество имаат сите ученици од 8. и 9. одделение од основните училишта во Република Северна Македонија;
- Темата на конкурсот е „Што ме движи кога сè стои?“;
- Изработеното дело може да има еден (1) автор;
- Секој автор може да учествува во една или повеќе области со по едно (1) дело.
- Делата треба да бидат оригинални, да не ги прекршуваат начелата на авторската сопственост и да не повикуваат на насилство и нетолеранција;
ФИЛМ
- Филмовите можат да бидат снимени со видео камера, мобилен телефон или фото-апарат;
- Времетраењето на филмовите да не е подолго од 7 минути.
- Филмовите треба да бидат прикачени на платформата YouTube. До нас само го доставувате линкот.
ЛИТЕРАТУРА
- Поетската творба треба да содржи најмалку 16, а најмногу 30 стихови; да биде напишана со фонтот Times New Roman (МК) – големина на буквите 12 и со единечен (single) проред.
- Есејот треба да содржи најмалку 2 а најмногу 4 страници; да биде напишан со фонтот Times New Roman (МК) – големина на буквите 12 и со единечен (single) проред.
ДИГИТАЛНА ИЛУСТРАЦИЈА
- Дигиталната илустрација може да биде изработена во која било апликација за дигитална уметност (десктоп, веб или мобилна апликација).
- Делото може да содржи делови од фотографии и може да содржи текст.
- Треба да се наведе во која програма е направена илустрацијата, да се испрати крајната верзија во PDF формат и работниот документ ( формат .psd, .ai итн.)
Краен рок:
10 април 2021
По извршената селекција од страна на стручно жири, најдобрите дела од секоја категорија ќе бидат наградени, а точниот датум за доделување на наградите и пофалниците за менторите и учениците ќе биде дополнително објавен.
Изработеното дело да се достави до Гимназијата „Алгоритам“ на меил адресата pavlina@algoritam.mk , заедно со следните податоци:
- Наслов на делото
- Име и презиме на авторот
- Адреса
- Контакт телефонски број
- Училиште
- Возраст/одделение
- Име и презиме на менторот
- Контакт од менторот