Гимназија Алгоритам распишува конкурс за најкреативна поетска творба

Право на учество имаат учениците од основните училишта во Република Македонија.

Правила за пријавување:

  •  Право на учество имаат сите ученици од 8. и 9. одделение;
  • Темата е УЧАМ ЗА ДА ЗНАМ“;
  • Изработеното дело треба да има еден (1) автор;
  • Изработеното дело треба да биде оригинално, да не ги прекршува начелата на авторската сопственост и да не повикува на насилство и нетолеранција;
  • Во песната треба да е изјаснето лично и критичко мислење на ученикот. Не е дозволено песната претходно да е објавувана на други места односно треба да е наменета само за потребите на овој конкурс.

КРАЕН РОК:

10 февруари 2020 година


Изработеното дело се доставува електронски на следниот email: info@algoritam.mk

заедно со следните податоци:

  • име и презиме на ученикот,
  • email адреса,
  • адреса на живеење,
  • контакт телефонски број од родител,
  • училиште,
  • возраст/одделение 
  • име и презиме и email адреса на менторот.

Со назнака: КОНКУРС ЗА НАЈКРЕАТИВНА ПОЕТСКА ТВОРБА

Песната треба да содржи најмалку 16 а најмногу 30 стихови; да биде напишана со фонтот Times New Roman (МК) – големина на буквите 12 и со единечен (single) проред.

За уредни ќе се сметаат само пријавите што ќе ги содржат сите потребни поднесоци.

По извршената селекција од страна на стручно жири, најдобрите песни ќе бидат наградени, а пофалниците и наградите за учениците и менторите свечено доделени во просториите на Гимназијата Алгоритам“.

За дополнителни информации, ве молиме да нè контактирате.

Контакт за дополнителни информации:

проф. Ана Пејовска

тел: (02) 3116-750  /  078-327-191

e-mailinfo@algoritam.mk

anapejovska@algoritam.mk