ДОЛГОТРАЈНА ГЛАСИНА ТВРДИ ДЕКА ИМИЊАТА БИЛЕ МАМКА

Изработи: Филип Андреевски

Исландската сага ја пополнува другата половина од приказната!

Од еден поглед на глобус може да ве зачуди зошто Исланд ( Iceland ) е многу позелен од Гренланд (Greenland). Мудроста вели дека ова било намерно. Имено викинзите помислиле дека името на Исланд би обесхрабрило други народи да се населуваат на нивниот остров, додека не би им сметало ако некој се обидел да се смести на Гренланд… Но, вистината е многу покомплицирана и е во врска со Норвешките обичаи и периодичната промена на глобалната клима.

Фактите

Околу 80% од Гренланд се покриени со мраз, но многу веројатно е дека почвата била многу позелена кога Ерик Црвениот за првпат пристигнал на југозападниот дел на островот во 982 година. И ден денес на тие југозападни делови од Гренланд, кои лежат на појужна географска ширина од Исланд, има фарми со овци, како и компири кои сè уште цветаат.

Сепак, благодарение на топлата Голфска струја, површинските температури на морињата на Исланд можат да бидат околу 6ºC повисоки отколку на Гренланд. Помлаката клима значи дека летата се интензивно зелени низ Исланд, иако 11% од континетот е сè уште покриен со постојана ледена капа. Ватнајекул  не само што е најголемиот глечер во Исланд, туку и во Европа. Неговата површина е речиси 1/3 од онаа на нашата земја.

Како се смениле имињата?

Имињата водат потекло од викинзите. Тогашниот Норвешки обичај било да се именуваат нештата онака како што се гледале. Пример за ова е Лајф Ериксон, синот на Ерик Црвениот. Тој именувал дел од Канада Винленд (Vinland) по тоа што на брегот бидел диво грозје (најверојатно капини). Податоци извадени од отсечоци мраз и школки велат дека од 800-та па се до околу 1300 година температурите на Гренланд биле многу повисоки, што значи дека на викинзите името Гренланд им имало смисла. Но после XIV век, температурите почнале да опаѓаат, а тоа ги исфорсирало тогашните колонии да го напуштат островот.

Легендиде велат дека Надод ( или Надор ) бил првиот Норвешки истражувач кој пристигнал до Исланд и го именувал островот Snæland или „снежна земја“ бидејќи кога пристигнал, непрекинато паѓало снег. Шведскиот викинг, Гардар Сваварсон го следел Надор и тоа довело до островот да се вика Гадаров Остров. За жал, Гадаровиот Остров не бил толку милосен за тие кои следни пристигнале, оосбено за еден викинг со името Флоки Вилгердарсон. На патот кон островот, неговата ќерка се удавила, а подоцна почнала да му умира и стоката. Фрустриран и во депресија, тој се искачил на планина, а кога се искачил видел фјорд полн со ледени санти, што довело до новото име на островот.

Исто како ледената санта која го удрила Титаник, се претпоставува дека и сантите кои ги видел Флоки дошле постепено од Гренланд. Новото име брзо се проширило во викингскиот свет.  Иако Флоки го обесправил Исланд, член од неговиот екипаж почнал да спроведува лажни гласини дека островот бил пребогат, а брзо подоцна почнала постојана колонизација на островот.

Новото население на островот „се чувствувало како да е дел од Нордскиот регион, но сакало да го зачува својот идентитет“, вели Гвинди Јоуханесон, историчар и претседател на Исланд.        Овие доселеници се нарековале себеси Асландири- луѓе од Исланд во дворот на Норвешка.

Век подоцна, Исланд станал растечка земја и дом на Ерик Црвениот, кој бил избркан од островот откако убил тројца во кавга. Тој го напуштил Исланд барајќи нов дом, и во една реченица може да се каже: „ Ерик Црвениот прогонет од својот свет, тргнал на пат за да се смести во држава која тој ја нашол и ја именувал Грендланд, мислејќи дека ќе привлече луѓе доколку има поволно име.“ Според овие преданија испаѓа дека Исланд бил именуван од тажен Викинг, а Грендланд е име на средновековна маркетинг шема.  „Тажно е што името Гренланд останало бидејќи тоа не е ни името по кое домородците го знаат..“, вели Гванди.  Тие својата држава ја нарекуваат Kalaallit Nunaat, што значи „Земја на луѓето“ на гренландскиот домороден инуитски јазик.

Враќање во минатото

За жал, земјата на луѓето кои се адаптирани на живот во хармонија со мразот, сега се соочуваат со реалноста на климатските промени. Ледената овбвивка на Гренланд која брзо се топи, предизвикува намалување на температурите во северниот Атлантик кои значително ја успоруваат Голфската струја. Доколку трендот продолжи, Исланд најверојатно ќе страда од ниски тепмератури и смрзнување на морето, додека пак Гренланд ќе станува сè зелен и потопол.

Можно е дека за век или два, Исланд и Гренланд повторно ќе си личат на имињата кои им биле дадени пред илјада години!