Сите знаеме зошто Божиќ е посебно време во годината. Го поминувате со вашите најблиски, уживате во добра храна и очигледно, си давате подароци едни на други. Но за зависниците од патувања, седмиците што водат до Божиќ се одлично време да одат на патување, особено во Европа. Ова е затоа што неколку недели пред празникот, божиќните пазари започнуваат да се појавуваат низ целиот континент и тие навистина се посебна прилика за уживање… Тука треба да се земе обѕир што некои земји се фалат со неверојатно долги традиции на хостирање на вакви настани. Сакате да одите и да посетите еден? Па, еве список на најдобрите божиќни пазари во Европа за 2019 година.
Главниот град на Унгарија е одличен пример за тоа како функционираат божиќните пазари во Централна Европа. Плоштадот Врасмарт, во срцето на градот, е домаќин на главниот божиќен пазар во Будимпешта со голем број дрвени тезги, каде мештаните ги продаваат своите традиционални производи. Ова значи многу одлична храна и интересни работи што треба да се видат и купат. Бројни концерти и други настани се одржуваат тука во ова време, а исто така има и многу работилници и програми за деца кои се потполно бесплатни. На 6ти декември децата можат да се сретнат и со Дедо Мраз, кој секоја година доаѓа директно од Финска. Другиот одличен божиќен пазар во градот се наоѓа пред базиликата „Свети Стефан“, каде што можете да најдете лизгалиште и да купите еден куп интересни подароци и сувенири, така што само за ова ќе ви отиде (барем) еден ден во Будимпешта, во овој период од годината.
Божиќните пазари се една од главните австриски божиќни традиции, обичај кој е вековен во оваа земја, а ќе видите зошто дури и ако во ова време поминете помалку од 24 часа во Виена. Со оглед на тоа што Божиќните пазари се појавуваат многу пошироко во центарот на градот, ќе имате многу голем избор да доживеете нешто ново и возбудливо.
Замислете, шетајќи низ главниот град на она што порано било голема империја, опкружена со целата таа култура и историја и уживајќи во празничната сезона. Можеби дури и решивте да ги посетите Пратер и забавниот парк. Без сомнеж, можеме да кажеме дека Виена е еден од најдобрите градови за божиќни пазари во Европа секоја година, вклучително и 2019 година. О, и не заборавајте да пиете и од вареното вино кое е една од прекрасните австриски традиции.
Се преселуваме кон северот на Европа. Дали би сакале да се „удавите“ во Божиќен дух? Затоа што токму тоа ќе ви го направи Божиќниот пазар во Готенбург, Лисенберг. Буквално милиони светла и стотици новогодишни елки ќе бидат околу вас кога ќе го посетите овој луд, но импресивен пазар, плус ќе имате можност да пробате некои од најпознатите јадења во Шведска. И бидејќи е лоциран на север, шансите се големи дека снег би паднал до овој момент, што само ќе додаде убавина на атмосферата. И како и со претходниот влез на оваа листа на најдобри европски дестинации за Божиќни пазари, не заборавајте да се напиете чаша или две glögg, што претставува варено вино на шведски начин.
Брисел треба да биде прогласен за еден од најдобрите Божиќни пазари во Западна Европа во 2019 година. Не само што има неколку традиционални пазари што можете да ги посетите (главната локација е „Plaisirs d’Hiver“), туку има и голем број уникатни настани што можете да ги погледнете во текот на ова патување и секој трае неколку дена. Овие се во основа мали пазари со свои специфични теми, како што се на пример пазарите на дизајнерите, па се до настаните фокусирани на екологијата.
Во последните неколку години, Божиќниот пазар во Талин има доживеано пораст на популарноста и тоа поради многу добра причина. Градот располага со богата историја и има традиција на совршено сочувани куќи од средновековниот период, така што навистина може лесно да се навлезете во расположението во ова магично опкружување. Дедо Мраз е таму за да им дари подароци на децата кои можат да ги рецитираат божиќните песни, а тие што ги пеат божиќните песни околу вас обезбедуваат многу забава и му даваат на овој настан прилично уникатен карактер. Очигледно, ова е одличен локалитет за купување сувенири, плус имате многу храна за да пробате, при што разни видови на „печење“ се локални специјалитети. Ова е без сомнение еден од најдобрите европски божиќни пазари, а убавиот збор, брзо се шири низ целиот свет.
Божиќниот пазар во Манчестер дефинитивно може да се земе во предвид кога се зборува за најголемите божиќни пазари во Европа. Распространет низ центарот на градот брои стотици тезги, а локалното население тука редовно минува дел од нивниот ноќен живот. Ќе сфатите зошто е тоа така, кога ќе видете колкав број на барови и ресторани има во околината.
Да уживате во опуштена вечер или на еден ден во Манчестер, тоа можете да го сторите без никакви проблеми. Она што е интересно за овој Божиќен пазар е тоа што започнува на почетокот на ноември, со специјална церемонија посветена на вклучување на светлата, закажана на 14 ноември. Значи, ако сте во градот во тоа време, сепак ќе можете да останете во Божиќно расположение, дури и ако празникот е оддалечен повеќе од еден месец.
Можеби ве изненади тоа што го најдовте Загреб на оваа листа, но ако дојдете овде на Божиќниот базар, брзо ќе сфатите дека заслужува да биде така. Всушност, во последните неколку години на пазарот му беа доделени неколку награди за извонредност затоа што целиот градски центар се претвора во еден од најголемите Божиќни пазари во Европа. Постојат огромни тезги кои продаваат сè, од греено вино и колбаси до „fritule“, локален деликатес што можеби најдобро може да се опише како мини крофни (кои апсолутно мора да ги пробате). Центарот на градот има и многу одлични ресторани и барови, така што храната е апсолутно воодушевувачка. И на сето тоа, тука се наоѓа и големо лизгалиште и многу луѓе кои доаѓаат овде од цела Хрватска, но и од нејзиниот регион.
Како што сите знаеме, Рим е волшебен град, па не е големо изненадување што седмиците што доведуваат до Божиќ се полни со различни настани. Сепак, најпознатата манифестација и веројатно еден од најпознатите Божиќни пазари во Европа е онаа што се одржува на Пјаца Навона. Се отвора секоја година на 8 декември, а околината на местото на настанот не е ништо помалку од спектакуларна. Прекрасната фонтана ги опкружува продавачите кои продаваат разни сувенири и вкусни јадења, а доаѓањето тука дава можност да се посети и градот Ватикан. Покрај се тоа, тука се и бројните антички споменици насекаде околу вас и со тоа добивате една од најдобрите дестинации на Европскиот Божиќен пазар на кои можете да помислите. Атмосферата тука многу посебна и ќе остави доста впечаток за вас, дури и ако поминете само еден ден во Рим.
Прага е многу достојна за посета во текот на целата година, но да се биде тука за време на Божиќ е навистина нешто специјално. Постојат два главни божиќни пазари што треба да се посетат во овој европски град – едниот традиционално се одржува на плоштадот Стар Град, додека другиот е на плоштадот Венцеслас. Ако имате намера да поминете само 24 часа во Прага, обидете се да бидете во градот на 30-ти ноември за да бидете сведоци на церемонијата за осветлување на дрвјата, да се дружите со локалното население и можеби да слушате добар концерт заедно со уживање, јадејќи вкусна храна…се разбира.
Единбург е уште еден од најимпресивните градови со уникатна атмосфера на своите божиќни пазари. Она што ве чека во овој прекрасен град е шестнеделна Божиќна екстраваганза полна со концерти, настани, возења, храна и сè друго што гарантира одлично време за целото семејство. Сите овие манифестации се одвиваат точно во центарот на градот, а настанот вклучува и големо панорамско тркало од кое можете да уживате во фантастичен поглед. Најхрабрите меѓу вас сигурно ќе сакаат да отидат на Star Flyer, карневалско возење кое ве носи 60 метри над земјата. Да…погледот е прилично спектакуларен од таму, ако знаете да уживате во него. Во секој случај еден ден во Единбург е одличен начин да уживате и да се забавувате со локалното население, бидејќи народот е навистина пријателски настроен и е полн со гостопримливи луѓе.
Изработи: Зафир Стојчевски