ОБРAЗОВАНИЕТО Е ИНВЕСТИЦИЈА ВО ИДНИНАТА
College Board е организација формирана во далечната 1900-та година од страна на 12 универзитети и колеџи со цел да го прошири пристапот до високото образование. Денес, College Board е меѓународна организација која се стреми кон подобро и подостапно образование за сите ученици. ПСУ Алгоритам Центар е едно од повеќе од 23.000 средни училишта кои се дел од оваа меѓународна мрежа, која им овозможува на учениците подобра подготовка и пристап до над 6000 колеџи и универзитети ширум светот. Главен приоритет на College Board се учениците, нивниот успех во образовниот процес и нивното вклучување во системот на високото образование.
Секое големо патување започнува со трасирање на патот кон целта. Целта и мисијата на ПСУ Алгоритам Центар е да им овозможи на учениците пристап до современи, меѓународно признати образовни програми кои инспирираат квалитет, нудат признати сертификати и го продлабочуваат културното разбирање и глобалната перспектива.
Комитетите и програмските оддели на College Board се задолжени за имплементација, проверка и авторизација на наставните програми кои се спроведуваат во училиштата, како и за подготовка, спроведување и проверка на стандардизирани тестови. Компјутерската проверка на точните одговори обезбедува објективност и еднаквост за сите ученици.
Како дел од овие програми, во ПСУ Алгоритам Центар секоја година се организираат PSAT 8/9 ReadiStep тестирања, кои им овозможуваат на учениците рана подготовка за меѓународни стандардизирани тестови и подобро планирање на нивниот академски пат кон студии на престижни универзитети.
Програмите на College Board се бројни и современи, а дел од нив се достапни и во нашето училиште. Доколку сте заинтересирани за повеќе информации, погледнете ја следната брошура и самостојно запознајте се со можностите за успех.
A quick guide to the College Board’s programs and services (PDF 1.5MB)

