Билингвалната настава претставува настава на два јазика: настава на мајчин јазик и настава на друг јазик кој може да биде друг јазик во земјата или некој од европските јазици. Тоа подразбира не само изучување на другиот јазик во земјата или странскиот јазик како предмет туку и користење на јазикот во една или повеќе нејазични дисциплини (предмети). Билингвалната настава може да биде интегрирана во предучилишното образование, во основното, средното образование како и на факултетите. Според кадарот со кој што располагаат, училиштата предлагаат изучување на една или повеќе нејазични дисциплини на странскиот јазик (математика, физика, хемија, биологија, географија, историја, економија, музика и др.).
Предности на билингвалната настава:
- унапредување на способностите за говорење, пишување и комуникација;
- учениците се активни учесници во наставата;
- самостојно истражување, унапредување на способноста за тимска работа;
- почитување на мултикултуралноста, развивање на толеранцијата, почитување на разликите;
- чувство на успех и задоволство од постигнатите резултати.
Очекувани резултати:
- подигнување на нивото и квалитетот на јазичните способности на учениците;
- воведување на нови и ефикасни методи во секојдневната настава;
- градење на критериуми и стандарди за да се потврдат постигнувањата на учениците и наставниците;
- развивање на соработката со двојазичните градинки, училиштата и факултети во земјата и надвор од неа;
- стекнувањето на јазична компетенција станува средство за воспоставување на директен контакт меѓу луѓето од разни земји и овозможува пристап кон универзалното знаење, кон техничките достигнувања и информатиката;
- поголема чувствителност, разбирање и толеранција за други луѓе, култури и јазици, надминување на јазичните и културните бариери; -зајакнување на вештините на соживот и меѓусебно разбирање;
- зголемување на знаењата на стручната терминологија, стручни способности, можност за добивање на меѓународно признаени сертификати како и полесно вработување.
Некои од наставните предмети: математика, физика, хемија, информатика, историја, географија, се изведуваат со одреден број на часови на англиски јaзик, со постепено наголемување на бројот на часовите во текот на секоја наставна година. Покрај учебниците и наставните помагала на македонски или албански јазик одобрени од Министерството за образование, учениците од билингвалните паралелки имаат можност во наставата да користат и изворни учебници на англиски јазик, речници, списанија и друга помошна литература со која располага училишната библиотека и центарот за документација.
Кадровски услови: наставниците вработени во училиштата со билингвална настава треба да имаат доказ за познавање на јазикот барем на ниво Б2, дефиниран со Заедничката европска референтна рамка за јазиците, изработена од Советот на Европа, која дефинира шест нивоа на познавање на еден странски јазик. Покрај јазичните знаења тие треба да поседуваат стручни, педагошко-психолошки, методички вештини и способности. Поради тоа наставниците што предават во билингвалните паралелки на англиски јазик се вклучени во лингвистичко-педагошки обуки и семинари за билингвална настава во Македонија и во странство. Учениците од билингвалните паралелки на англиски јазик редовно учествуваат на конкурсите, натпреварите како и во сите други активности