[Литература] Тамара Татабитовска – VIII одд

Што ме движи кога се стои?

Во ова време лудо 

се случи едно чудо, 

корона криза навали 

во секоја куќа радоста се намали! 

 

И што да се прави сега? 

Да се бара излез, решение треба, 

да се најде внатрешна сила 

да нè движи низ Земјата мила. 

 

Времето не стои, порака ни праќа, 

природата ударот го враќа, 

секој ден нов живот се создава, 

но ретко кој тоа го осознава. 

 

Животот има и добра страна, 

во луѓето има љубов збрана, 

сонцето секое утро руди 

и надежта во нас ја буди! 

 

Тамара Татабитовска, VIIIб одд.

Ментор: Митра Цилевска

ООУ„Димитар Миладинов“- Центар, Скопје

 

+135