[Литература] Давид Арсовски – II година

,,Што ме движи, кога се стои?”

 

Животот течеше незапирливо, секојдневните обврски стануваа секој ден поголеми и поголеми.Денот траеше кратко, луѓето бараа момент повеќе за да ја завршат работата која што им заостанала од претходниот ден, недела, месец. Градовите и селата го живееја својот дневен и ноќен ритам. Планетата со своите 7 милјарди жители живееше забрзано, делумно заради трката да се стигне веднаш до посакуваната точка, делумно заради желбата да се искористи максимумот или пак да се искористат ресурсите пред некој друг да стигне до нив . Улиците, парковите, училиштата, моливите зуеја како кошници со пчели .

Секојдневните обврски на училиште се надоплнуваат со желбата за дружење, спортски активности, играње видео игри. Дружењата започнуваа веднаш по часовите, се користеше секој момент пред да започне некоја воншколса активност.Плановите за прослави, родендени, заеднички викенди се коваа на одмори меѓу часовите, во групи собрани еден до друг предлозите течеа како река.И одеднаш некаде далеку од нас срамежливо некој спомна: “Знаете најверојатно има нов вирус, се пренесува на луѓето и е опасен“.Една вест, ништо посебно, некој сметаше дека е лажна вест , некој сметаше дека не е можно – сигурно е грешка, повеќето не ни обрнаа внимание на новата вест.Секој ден на интернет се појавуваат илјадници апокалиптички вести, зошто би било важно воопшто да ги слушаш сите. Веста одеднаш стана сензација, да точно е дека има вирус и е опасен. Целиот свет зборуваше само за тоа, излегуваа статистики, број на заразени, смртност и одеднаш една силна одлука светот оди во карантин. Се се случи одеднаш. Животот онаков каков што го знаевме, онака каков што го живеевме, она секојдневие што го земавме здраво за готово веќе не беше исто.Тишината започна да станува сеприсутна, неизвесноста и тагата до кога се ова ќе трае од ден на ден стануваше поголема. И од ден на ден присутно ново прашање: ‘’Како ќе биде утре?” Како да започнеш нов ден кој што не е ниту блиску до она што го знаеш и што си го живеел? Застана се.Беше неверојатно да се замисли дека може денот да започне со тишина. Беше незамисливо да застане животот онаков каков што мислевме дека мора да биде.Одеднаш сите бевме дома, сите неодложни работи кој што мислевме дека мора да се завршат веднаш, денес станаа неважни и одложливи .Првите денови во карантин беа чудни, невообичајни како одеднаш да добиваш продолжен непланиран викенд, а сепак немирот стоеше блиску до нас. Дали ова беше сон или навистина се случи? И почнува новото нормално. Без пријатели, без дружење и најважно од се без прегратка со оние со кој што се гушкаш секој ден…онака на поминување, без воопшто да помислиш колку е тоа драгоцено.Одеднаш денот станува подолг, а тишината се повеќе присутна. И почнува денот нов и сјаен. Се менува со ноќта која што е тивка и мирна. Денот е ист како и сите други денови во последната година. Лошите вести и статистики се бројат, но надежда дека ова е сега, во овој момент и дека утре мора да биде подобро, ме движи полека, полека излегувам од кругот во кој што се стои. Целата своја свесност ја насочувам во она што го носи секој од нас – надеж, надеж која што ми дава сила дека се ќе помине, дека мора да помине. И љубовта , љубовта која што ја користам како поттик за поубаво утро. И одеднаш се појавува нишка на надеж, желба, сон. Дали надежда во нов ден, ново утро може да ја надомести целата тага на денешното живеење, целиот копнеж кој што го имам кон она што сум го живеел и што сакам да остане, исто непроменето.И полека сосема незабележително почнувам да се движам, но не со чекор туку со поглед кој се протега малку подалеку од прозорецот во дневната.И гледам дека движењето не е ограничено кога се стои… Наоѓам убавина во секој нов ден, нов почеток и нови убави вести…Нов ден и надеж која полека се буди и дава сила. Полека со бебешки чекори лесни и несигурни влева сигурност , поттикнува желба за нешто ново или можеби дури и посилна желба да биде се повторно како што беше.

Ноќите во тишина барам длабоко во себе , поттик и сила да се движам. Потребно е да ја вклучам целата своја свесност за да ја задржам надежда, тука во себе, да ја охрабрaм да чекори во мене со силни чекори за да можам и јас да продолжам да се движам. Барам убавини и ја наоѓам, гледам дека животот продолжува полека, дека циклусот на планетата не се менува, дека таа продожува да живее.Се менуваат годишни времиња, воздухот станува почист, и за првпат во својот живот во градот во кој што живеам слушам хор од песни на птици. Надежта расте во мене, но не плашлива и кревка, туку силна и цврста и се спојува со љубовта и желбата кој што секогаш сум ја имал во себе.

+142