[Литература] Теона Крстевска – VIII одд.
,,Што ме движи кога се стои”
Кога стои се, нешто што ме движи
е мислата за убавиот живот кој се ближи,
во овие моменти никој не е сам,
иако во нашиот живот удри еден голем бран.
Надежта моја е сите да бидеме со насмеани лица
и сите со пријателите да јадеме без страв пица.
Повторно да одиме на море и да газиме на песок,
а не насекаде да слушаме тага и вресок.
Повторно да се вратиме во училишните клупи
и како порано да правиме училишни проекти во групи.
Повторно да одам на училиште и да следам час,
сигурна сум дека од радост ќе извикам на цел глас.
Нешто што ме движи е надежта моја
која во овие денови ја гледам во шарена боја,
надежта за подобра иднина како во рај,
и на оваа пандемија да и ставинме крај.