[Литература] Теона Арсовска – VIII одд.

 

 

Што ме движи кога сè стои

 

Чекорејќи, случајно те погледнав така

и сфатив дека чекаш подадена рака,

со надеж гледаше твоето лице мило,

на него времето бразди беше свило.

 

Стоеше на крстопат со стап в рака

дур брзаа други со својата мака,

те мачеше жега и вревата силна,

но надежта ти раскажа поука милна.

 

Очите твои блеснаа ко ѕвезда сјајна,

Ме гледаа молчешкум со среќа бескрајна,

Љубов зрачеше на ликот твој драг

Знаеше дека ќе стигнеш до куќниот праг.

 

Чекоревме по патот заедно ние,

без збор да ти кажам ти сфаќаше сè,

староста насмевка вешто ја крие

Пред прагот ме прегрна и тивко ми рече:

 

„Патот на доброто треба да се следи,

добри дела прави, тоа многу вреди!“

Тој пат нè движи кога сè друго стои

Без добрина човештвото нема да опстои! “

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

+154