[Литература] Теодора Маркушевска – VIII одд.

ШТО МЕ ДВИЖИ КОГА СЕ СТОИ ?

 

Штом се околу нас одеднаш престанува да се движи, ние започнуваме да чувстуваме осаменост. Се чувствуваме како да сме оставени сосема сами на себе, дури пак, на некој начин се чувствуваме беспомошно. Би можело да се каже дека сепак, осаменоста може да биде една од најразорните чувства што една личност може да ги почувствува. Искуството низ кое што се поминува би можело да се опише како една состојба каде што без разлика на големината на желбата и самата волја, се чувствуваме како да немаме моќ, ниту сила да направиме видлива промена и да го постигнеме саканиот резултат. Се чувствуваме како да сме толку мали, недоволни во секој аспект. Поточно, нашата помош и реакција да би била безначајна. Оттаму, ние сме заглавени во онаа положба во која што сме навистина убедени дека би траела бесконечно долго, дека не можеме да се ослободиме од неа и ТЕЖИНАТА која ја носи со себе. Меѓутоа, ваквата положба не е постојана, напротив, се што се случува – се случува со причина и секогаш трае привремено. Секако, за ваквата емоција има и лек, а колку брзо би го добиле зависи единствено од нас самите и начинот на кој што го гледаме светот.

 

~ Нашата перспектива и начинот на кој ги гледаме нештата се огромен фактор. Наш избор е дали светот ќе го гледаме во весели и светли бои со отворени раце, или пак во темни и мрачни бои, неподготвени за прифаќање на различностите. Соодветно, дали ние ќе се движиме додека се стои, ќе започнеме да стоиме взаемно со светот кој што стои пред нас или пак НИЕ ќе го придвижиме светот повторно, зависи од нашите одлуки. Клучот за успех е оптимизам и позитивност. Ние би можеле да станеме тоа што сонуваме да станеме, или пак да се претвориме во она кон кое што чувствуваме исклучителна омраза, но тоа е наш избор – ние избираме како ја гледаме реалноста. Оттука, секој можен настан, момент, спомен е привремен. Токму затоа, треба да го оставиме минатото, да живееме во сегашноста, и да внимаваме на иднината. Бидејќи иднината, еден ден, ќе биде реалноста во која што ќе живееме. Ние сме тие што влијаеме врз нашиот живот, врз нашето утре. Сите овие мали, секојдневни одлуки кои што ги носиме ја градат нашата иднина. Истовремено, реалноста е таква каква што ќе ја направиме ние, таа тотално се менува според нашите избори. Дури и најмалата, незначајна одлука би можела целосно да го промени нашиот живот, тој е во наши раце и ние го контролираме. На некој начин, ние не можеме да избегнеме промени, единствено потребно е да се адаптираме на истите.

 

~ Понатаму, мошне суштински важна е надежта и мотивацијата. Мотивацијата можеме да ја опишеме како втората фаза од нашата цел кон која што се стремиме да ја постигнеме. Таа не приближува до постигнување на целта со тоа што ја менува позитивната мисла во моментално дејствување. Со доволна мотивација и надеж за успех, една долготрајна идеа и мисла се претвара во дело, кое несомнено има влијание врз нашето секојдневие. На повеќето од нас ни е потребно време да се стекнеме со мотивација, која што ја добиваме со помошта на константната поддршка и трпеливост од нашите најблиски. Нивната помош е само мало туркање напред, мал поттик и чекор до нашата самостојност. Од тој мал поттик, ние стануваме повнимателни и погрижливи за нашите околности. Искрено, доста е тешко да се собере потребната храброст, сила и надеж, кои што ја градат самата мотивација, меѓутоа, ако сме способни да го извршиме тоа, ние сме способни да направиме се што ќе посакаме. Тоа покажува дека ние сме екстремно психички стабилни. Со доволно вложен труд и доволно силна волја, таа мотивација веќе станува дел од нашата реалност и со нејзина помош, нашите долго – сакани соништа исто така би станале реалност. Мотивацијата е неопходна за постигнување на претставителни резултати. Импресивно мотивациона мисла, за мене лично, би била замислата за моето задоволство штом ќе успеам во тоа што го правам на крајот. Среќата и радоста која би ја почуствувала е импозантна, незаменлива особено после колосалниот вложен труд и огромна мака. Но, сето време потрошено навистина ВРЕДИ на крајот, штом ќе се сетам на благосостојбата што ја чувствувам. Сега, за да стекнеме внатрешен мир, рамнотежа и задоволство но нашиот живот, потребна ни е таа мотивација. Затоа, ние треба да се бориме против чувството на демотивација кое го среќаваме во вакви моменти. Потребно е да се бориме против демотивацијата со мотивација. Со мотивацијата ги надминуваме сите негативни и песимистички емоции. Една лично – мотивирана личност секогаш открива начин да ги разбере и реши проблемите кои што го попречуваат патот до успехот. Недовербата која ја чувствуваме во себе е обесхрабрувачка, но ние треба да веруваме во себе, бидејќи со доволно голема желба, се е возможно. Извондредно е низ колку ние можеме да поминеме, колку можеме да издржиме, па со ова, треба да се трудиме да се задржиме најсилно колку што можеме.

 

~ Покрај сето ова, ние како луѓе, природно е и да чувствуваме љубопитност. Огромната волја да го видиме невиденото и да го запознаеме непознатото е неизбежна. Таа е емоција која што не придвижува. Што повеќе се прашуваме, толку повеќе се движиме. Желбата за понатамошно знаење, за промена, – не турка напред. Таа е ТЕМЕЛОТ на љубопитноста. Уште од нашето раѓање, се до нашата длабока старост, љубопитноста е присутна во секој аспект од животот. Таа е дел од нас, копнеж за да дознаеме повеќе, копнеж кој не можеме да го оттргнеме. Љубопитноста не предизвикува да одиме виртуозни величини, се за да го добиеме тој единствен одговор. Ние добиваме задоволство штом љубопитноста е исполнета. Но, што понатаму? Да си љубопитен е нормално чувство на еден човечки ум и една љубопитна личност секогаш пронаоѓа и поставува ново прашање на кое што упорно, неуморно, безусловно би барала одговор. Љубопитниот човечки ум ужива во занимливоста и предизвиците кои што доаѓаат со самата емоција. Тој е секогаш отворен кога станува збор за прифаќање на нови алтернативни идеи и загатки. Меѓутоа, треба да имаме на ум дека се што е направено премногу, не е во ред. Претераната љубопитност може да доведе до невнимание и опасност, така што, нашата безбедност треба да биде приоритизирана без разлика на што. А, волјата да поставуваме прашања и да пронајдеме одговор на истите ќе биде секогаш дел од човекот.

 

~ Со ова, најголемата сила и ДАРБА која што може да ја поседува една личност е остар, силен, моќен разум. Нашиот ум е секогаш активен, тој работи во секој дел од денот, на секаде и со секого. Со умот можеме да придвижиме се што мирува, како и да запреме се што јури околу нас. Разумот може да создава нови креации, како и да ги уништува истите, тоа зависи од нашиот избор и нашата желба. Еден здрав разум нема граници. Поточно, самиот човек не ги познава границите, ниту пак ограничувањата на својот ум. Тоа е поради тоа што една личност физички не е способна да го искористи умот до својата граница, до својот целосен капацитет. Меѓутоа, да би ја знаеле моќта на нашиот ум, би можеле да направиме застрашувачки нешта. Нашиот ум го прави нашиот идентитет, не прави специфични и поразлични од другите, не прави уникатни. Со способноста на разумот, ги чувствуваме и проектираме сите чувства, сите размислувања. Без него, ние не сме тие што сме, од интелектуален и емоционален аспект. Со умот можеме да пронајдеме решение на секој проблем, да го оствариме она што ни се чини невозможно, да го подвижиме она што е неподвижно, да го покажеме она што изгледа невидливо. Секоја емоција и секоја мисла се значајни. Односно, сето она што се наоѓа во внатрешноста преку солидна комуникативност може да премине во надворешноста, во околината, да биде дознаена меѓу индивидуите. За таа цел, нашиот разум не треба да биде под притисок, состојбата на релаксација и концентрација на умот е периодот кога нашиот ум е најспособен и најкоординирано функционира. Разумот е прекрасен благослов кој што не само не движи нас, туку со наша волја, движи се околу себе.

 

~ Секако, за крај, времето, сакајќи или не – сакајќи, има влијание врз секој можен фактор. Времето го менува разумот, мотивацијата, надежта, начинот на кој ги перципираме одредените нешта. Оттука, времето не менува нас самите, нашите мислења, нашите емоции. Без разлика дали тој процес се случува во самиот момент на зборување или пак е потребно изминување на подолготраен временски период, моќта на времето е најзастрашувачката и најпотценетата моќ позната на човештвото. Можеби, промените на почетокот не се видни, но времето бавно, сепак сигурно, движи се. Со самото изминување на времето, доаѓаат и нови заврти кои што можат да ни го попреиначат животот. Таквите заврти се неизбежни, неминовни. Иднината зависи од времето, а долготрајноста на истата зависи од нашите одлуки. Скапоценоста и вредноста која ја содржи времето е навистина фасцинантна. Ние не сфаќаме колку всушност е важно времето, додека не разбереме дека сме го изгубиле. Оттука, времето треба да го користиме мудро, и умно да размислиме пред да донесеме важна одлука. Всушност, постојаната помисла за колку брзо поминува времето, навистина ме движи, додека се стои.

 

 

 

 

 

 

 

 

+49