[Литература] Тамара Максимовиќ – VII одд.
Што ме движи кога сѐ стои?
Живот! Што е тоа? Која е смислата на животот? Зошто постоиме? Филозофски, тешки прашања за длабоко размислување.
„Животот е еден!“ – имам слушнато многу пати. Секој од нас, има предодредена патека, по која чекори низ времето, како сака или како мора.„Сѐ помиува“ – слушам, кога се бара утеха, кога е тешко, кога лоши работи и црни мисли лебдеат во воздухот. „Да остане вака“ – кога се постигнува или е постигната некоја рамнотежа во тек на настаните, кога „ги држиме конците во раце“.
Многу пати, ја имам слушнато баба ми, мајка ми како велат: „Деца мои, вие сте мојата сила, вие сте мојата причина да се будам секое утро, да се движам, да чекорам…“ Што ли зборуваат овие две жени? Како е можно, две мали палави, разиграни деца да даваат сила? Мечтаам, да ја почувствувам таа движечка сила, што на овие две жени, им дава мотив, и храброст за борба. Бестрашни, неуморни; секогаш стабилни во својот говор, разговор, став и однесување. Мојата баба, мојот идол, мојот херој, моја слика за совршенство; топла, мила душа, топол дом и сигурност.
Од мој поглед, мојот детски живот е доста стабилен и нормален. Деновите ми минуваат без некои посебни осцилации добро – лошо. Но, кога гледам од страна, околината и средината во која живеам, мотивација и движечка сила ми е подобро утре. Кога би имала едно волшебно стапче, барем на еден ден, засекогаш, да го поправам светот во кој живеам и општеството во која што се наоѓам. Не знам што е, но знам дека нешто не е во ред… Многу нешта не се во ред. Обесправените и немоќните, да ги добијат своите права и рамноправност, како и останатите луѓе. Да нема гладни и жедни, да нема боси; секој да има топол дом, мека покривка преку ноќ, и топол појадок; секој заслужува семејство и кров над глава за пристоен, за нормален живот.
Мото ми е – „Секогаш можам подобро, и од подоброто можам уште подобро.“. Со многу труд, волја, и желба, сѐ што работам, го завршувам со успех како што сум го замислила дека треба да биде. За некого исправно, за некого не, зависи кој како гледа и замислува; но јас, мојата цел секогаш ја остварувам. Немам некои големи мечти и неостварливи, нереални желби. Ги гледам успешните лекари, адвокати, архитекти… Сигурно ги следеле своите соништа, мечти, желби… Сакам да бидам една од нив. Сакам со своите дела да направам, да променам, на подобро, за општеството во која живеам; да биде тоа некоја мала – голема промена, која ќе потикне многу луѓе, да размислуваат во мој правец; да ме поддржуваат, и да мепоттикнуваат за подобро, со свои нови идеи и предлози, да се надополнуваме, поединци во една целина, да делуваме заедно, да дејствуваме сплотени како едно, за подобро на нашата, и за иднината на нашите поколенија. Да ги следине стапките на нашите предци; да чекориме смело кон успехот. За мој личен успех – широк видик кон светот и настаните; за успех на моето семејство – подобра материјална егзистенција и социјална положба; за успех на општеството – за подобро на сите. Јас, како поединец, во името на сите, за сите. Секогаш ќе се борам за вистината и со вистината, иако гола вистина, ретко кој сака да слушне. Имам впечаток, како, сите некако, како да сакаат да слушаат и да прераскажуваат шарени лаги, како живот под маски. Ме движи мислата, да се извадат маските, да се симнат розовите очила низ кои се гледа, сѐ, сјајно и бајковито. Сакам да се види маката и страдањето на луѓето во вистинските бои. Да се види сивилото и црнилото под кое живеат голем број луѓе, а никој не го гледа тоа сиво небо и нивната беда. Сакам да им се помогне, да се промени, сакам и тие луѓе да ја видат и почувтсвуваат топлината и убиваината на ведро небо и шарени бои.
Убаво време, раздвиженост, весели насмевки и пријатни лица низ улиците во мојот град. Луѓето шетаат, разговаат, се поздравуваат и одпоздравуваат. Полни се улиците со луѓе, и парковите исто така. Но, ретко кој од нив е човек. Пет букви, но големо значење, не е доволно да има форма и изглед на човек,вистинскиот човек има срце, има душа; има волја и желба да помогне. Најчесто, оние што сакаат да помогнат на обесправените, немоќните и финансиски слабите, се истите оние, кои се во слична положба или нешто малку подобро ситуирани, но не доволно за да подадат рака колку што е потребно. Тоа се луѓе, кои сочувствуваат со останатите, но можностите да им помогнат на другите им се слаби или воопшто ги немаат,за разликаод префинетите дами и господа, кои чекорат по улиците како воопшто и да не стапуваат,летаат високо во облаците, се замислуваат толку големи и важни.Која иронија, истите тие, не ни сонуваат колку се мали, јадни, и патетични, микроскопски прав, не се гледаат со голо око. Толку се „надувани“ што имам впечаток дека секој момент ќе пукнат, во милисекунда ќе ги снема, а никој нема ни да забележи; зашто во реалниот светво овој живот во кој сега живееме, истите тие, не направиле ништо за никого, за промена на добро. Нормално, таквите мамини синови и татини ќерки, не се ни забележани во историјата на постоењето на страдалниците. Е баш,таквите дигноглавци, тие се двигателна сила, финансиска стабилност и можност за помош која многу, многу е потребна во денешно време.
Гледам многу луѓе низ улиците на мојот град, бараат пет денари, десет денари… за леб, за кифла. Многу боли, тешко ми паѓа, кога мали деца од три, четири години, трчаат по мене, барајќи пет, десет денари за кифла, за сок… Боли… Ги гледамтрчаат, по еден, по друг, не бираат, баба, дедо, млад стар… на овие јадни души, не им е тешко да разговараат, да споделат убав збор; желни се за внимание и разговор, за топла насевка и срдечен збор. Убави, но уморни лица, бистри очи, а срце полно со добрина, љубов и надеж, дека некој,некогаш и некаде ќе се сети дека и тие постојат, дека и тие се дел од ова сурово општество.
Брзо темпо на живот, секој некаде брза, потонат во сопствени мисли за своето Јас. Од возрасните, сум слушнала како брзото темпо на живот ги оддалечило луѓето едни од други; одродило брат и брат, мајка од син. Не! Ги оттуѓува сопственото его „ЈАС“ големо колку што е самиот човек; Јас, на прво место, потоа пак Јас, и на крај Јас. Себичноста и егоизмот, најголеми се непријатели на денешницата. Нема место за друг, никој друг не постои. Преплавени сме со егоисти, кои гледаат да си удоволат на себе, без разлика на сѐ, тие газат сѐ пред себе за да стигнат до некое свое совршенство. А, не знаат колку се само несовршени и со какви аномалии и недостатоци.
Многу, многу се ваквите „луѓе“, но многу малку кој е Човек, со срце, душа, ум и разум. Вистинскиот Човек гледа со срце, слуша со душа.
Животот навистина е еден, треба да се живее со полни гради, чисто срце и бистар ум. Да се радуваме на секое ново изгрејсонце, зашто секој нов ден носи нови желби, нови соништа, нови можности и радости.
За крај, мислата за подобар живот од овој, е она, што ме движи кога сѐ стои.