[Литература] Сандра Вељановска – IX одд.

 

Што ме движи кога сè стои?

 

Има љубови лажни

кои те прават тажни,

но има и вистински, славни,

во кои две срца се главни.

 

Љубовта е трепет, миг кој гали,

носи нежност и копнеж што пали.

Ко прва вечерна ѕвезда

во срцето мое се вгнезди,

како утрински зрак кој ме буди

лице ми гали, се чуди.

Силен топол оган ми топли душа

милозвучна песна која се слуша.

 

Ах, таа љубов!

Го бои срцето во црвена боја

твоја и моја,

во срцата наши тлее

бесконечно сонце кое топли и грее.

Виножито создаде во различни бои,

на срцево разгиграно не му дава да стои.

 

 

 

 

 

 

+81