[Литература] Никола Чадамов – VII одд.

 

,,Што ме движи кога сè стои”

 

Зедов празен лист хартија и молив. Погледнав во белилото на листот и си реков колку е празен и колку е чист истовремено. Но, само неколку редови напишани и тој станува, ,,жив”, станува, ,,личен” се соединува со мастилото и ја добива својата смисла, својата содржина. Така и ние се раѓаме беспомошни чисти или ,,tabula rasa” како што кажал Аристотел. Ние сме неиспишана ,,празна табла” на почетокот на животот, но потоа доаѓа вистинското школо наречено живот. Растеме го учиме првиот збор, првиот чекор, првото паѓање, но и станување. Првото разочарување од мојот прв другар, но и првото љубовно разочарување. Паднувам, станувам и продолжувам. Понекогаш слушам ,,немој да го правиш тоа”, ,,оди да учиш”, ,,уште си мал”, ,,треба време да сфатиш”, ,,кога ќе пораснеш ќе видиш”. Незнам зошто но јас сега си мислам дека сè знам, дека сè можам да направам, дека сум многу добар син, другар и човек. Секогаш во мене има некој таен глас, искра која ми вели ,,продолжи понатаму”, без разлика на сè. Продолжи и испиши ја твојата ,,чиста табла” со твоето живеење. Тоа е НАДЕЖ. Надежта е таа која ме крева кога сум тажен, кога сум беспомошен, кога мисалм дека сум сам на овој свет. Кога сè стои, а надежта ме движи. А светот се менува ништо не е исто, тоа го кажал и мудриот Хераклит ,,само промените се константни”. Така е, бидејки пред една година бевме безгрижни и имавме ,,големи планови” за летен одмор, за купување на нов велосипед, за многу работи… Но, од далечната Кина, а излезе и не толку далечна ни пристигна опасниот вирус кој ни покажа колку сме ние луѓето беспомошни и колку сме ѝ наштетиле на самата природа бидејки кога ние сме затворени дома, природата се лекува и си ги зацелува своите рани. Надежта е таа што ме движи дека сè ќе биде добро, дека ќе се извлечиме од опасноста и ќе бидиме подобри за себеси и за другите луѓе околу нас, за нашата мајка природа. Надежта ме полни со сила да бидам добар ученик, добар син, добар иден инженер, кој ќе сѝ ја сака својата работа, ќе го подобри општеството, ќе се бори со неправдите и ќе победи на крајот. Не сакам да верувам во стереотипите како на пример, ,,зошто се трудиш за џабе тоа не зависи од тебе” или ,,џабе учиш, ќе те сметаат за глуп”, ,,треба да се снајдеш ако немаш знаење”, ,, сè е наместено”. Надежта е таа која ме тера да се борам против овие стереотипи и тоа со знаење, достоинство, храброст. Ако сите се вратиме на основните човекови вредности, многу лесно ќе ги победиме ,,снаодливите”, ,,итрите”, ,,успешните” кои не гледаат подалеку од своите лични и тесни задоволства и интереси. Нема да престанам да се надевам дека ќе станам човек, и тоа голем човек. Но, јас не би можел да живеам без љубов. Тоа чувство е уште од самото раѓање, мајчината љубов, грижа, страв за своето дете, не учи на блискост со луѓето понатаму во животот. Романтичната љубов ја почуствував уште во 5 одделение. Кога се заљубив во едни весели кафени очи и прекрасна виткана коса. Тогаш мислев дека само таа постои за мене на овој свет. Само ,,таа ме движи”, а сè околу мене стои. Но, сè во животот се случува со причина. Понекогаш ја научуваме ,,лекцијата на животот”, а понекогаш ја повторуваме. Како што вели мајка ми ,,човек учи додека е жив”. Љубовта е голема сила која што го движи човештвото. Од историјата знаеме дека најголемите војни се воделе поради невозвратена љубов или невозможна љубов.

Надежта заедно со љубовта секогаш одат во комбинација и со верата. Верата во себе си, вера во најблиските, вера во исполнување на целта на сопственото живеење. Верувам дека секој човек има своја цел на постоење на овој свет. Јас мислам дека ќе бидам човек што ќе ја исполнам својата цел да придонесам во подобрување на светот, омразата да ја замениме со љубов, игнорирањето да го замениме со помагање на оние на кои им треба помош, во делење на благосостојбата со оне кои што немаат ништо, бидејќи само среќата се зголемува повеќекратно кога се споделува со некој друг. Верувам во добрината на луѓето и верувам дека секогаш доброто победува. Да се има вера е суштината на надежта. Верата не значи само восхитување и верување во нешто. Верата значи и вера во себе си, вера во најблискте. Какви и да имаш способности, вештини или интелегенција доколку не веруваш во себе си не можеш да постигнеш ништо. Човек се чувствува лесно и никогаш не си го губи срцето во безнадежност доколку има вера во себе си. Големите луѓе ги живеат своите животи предизвикувајќи ги секојдневните рутини и живејќи различно и исполнуваат цели кои што обичниот човек не можи. Нивната цврста вера во себе им помага да го постигнат тоа. Историјата и нашето лично искуство нѝ даваат безброј примери за да веруваме дека надежта , љубовта и верата се движечките сили на секој човек. Ако не се надевам, ако не верувам во себе и ако не љубам, јас сум никој и ништо. Животот не би бил возможен без трите движечки сили надеж, љубов, вера.. Филозофите, научниците, поетите напишале многу за значењето на животот и што е најважно. Понекогаш нивните искуства преточени во зборови треба да се нашиот патоказ во животот. Животот е патување низ кое ние сите оставаме печат. Тоа патување не е исто за сите. За некои е полесно, а некои луѓе потешко. Затоа често се вели дека животот е скапоцен. Секојдневно научниците се борат до најдат начин за да го продолжат векот на живеење на луѓето колку што може подолго. Животот вклучува и радост и тага. Важно е да се најде среќата во животот и да се победи тагата. Само тогаш животот е убав. А, тука пак ни помага љубовта, надежта и верата. Кога сè стои, тие нè движат понатаму и понатаму. Сега додека ги пишувам овие редови во мене се измешани чувствата на возбуда, трема, но и несигурност. Се прашувам дали напишав сè што знаев. Дали бев добар, дали можев подобро… Имаше моменти кога сакав и да се откажам. Но, тогаш би бил против самиот себе си и сето она во кое што јас верувам, а верувам и се надевам дека подобриот секогаш победува и не се откажува. Кога сè стои надежта, верата и љубовта ме движат кон постигнување на мојата цел.

 

 

 

+154