[Литература] Михаил Русевски – VI одд.
Што ме движи кога се стои
Животец со тешко бреме,
живееме во Ковид-време!
Нема веќе ни прегратки слатки
живееме со видувања – кратки!
И душата ми кажува
срцето кои тајни ги крои!
А што ме движи мене
кога се стои?
Ме движи сонцето
со својот златен зрак,
светлината која носи радост
и нема никогаш мрак.
Ме движи песната
на милозвучната птица,
убавите разлетани пеперутки
ме движат со нивните крилца.
Ме движи љубовта,
подарена од мојата мајка,
ме движи среќата,
како во најубавата бајка.
Ме движи и книгата,
што ја прочитав денес,
каде секоја страница
плетеше римуван венец.
А мојот поглед пак,
кога шара во небесните бои,
тогаш само јас се движам,
а се’ околу мене стои.
+33