[Литература] Михаил Алексовски – VIII одд.
Што ме движи кога сé стои
Седам сам, низ прозорец гледам,
не знам зошто, но нешто ме мачи,
внатрешен немир на душа ми легнал,
нервозен ги решавам домашните задачи.
Размислувам долго, зошто ова се случи
и сите останавме затворени, сами,
секој од секого страв голем го фати,
секојдневно само трагични драми.
И сé застана, чиниш и Земјата престана
да се врти околу своето Сонце,
училишта, паркови и игралишта празни,
повеќе од година не слушам училишно ѕвонче.
Но, мене сепак почна да ме движи
љубовта кон блиските, нивната желба
да бидеме сите сплотени заедно,
да нема во семејството разделба.
Желба имам лекар да станам,
да ги лекувам луѓето јас,
да помогнам да оздрават сите
од опасните болести да се најде спас.
Тие желби ме движат напред,
да истраам во ова време-невреме,
да останам смирен и упорен јас
сите работи да ги завршам на време.