[Литература] Мила Ковачевска – VIII одд.

Што ме движи кога се стои?

Да…Буквално се застана. Сето она што за мене значеше Живот, преку ноќ се претвори во вируелен свет во кој најчесто само погледот низ прозорецот ми влева надеж дека еден ден овој хорор ќе биде само лош сон. Дека стравот, паниката, неизвесноста, болката и солзите за сите оние наши блиски кои секојдневно ја губат битката со вирусот ќе останат во минатото. Кошмарот ќе заврши. И сите пак слободно ќе излеземе надвор да дишиме слободно со полни гради.

Иако, кога страшнава пандемија ќе биде зад нас, траумите и грутката во грло ќе останат уште долго, долго…Но сепак, како што велат и од најголемото зло секогаш се изродува и нешто добро. Токму тоа, во овие тешки времиња во кои живееме, не научи да се свртиме пред се кон самите себе, кон своите блиски и семејството. Да се потсетиме на одамна заборавените вистински вредности и да почнеме се од почеток. Ова да ни биде лекција дека човечноста е секогаш пред матерјалното. Дека заслепени од сопствената себичност, заборавивме на природата и живиот свет околу нас, безмилосно уништувајќи се. Буквално се. Па и по цена на сопственото самоуништување кон кое свесно толку брзо и незапирливо галопираме во бездната од која нема враќање назад. И токму во овие најтешки моменти, ги учиме најважните животни лекции кои ќе не направат подобри луѓе, без разлика на сите грешки кои сме ги правеле до сега. Да…јас нема да чекам утре или некој друг ден за да ја започнам промената. Тоа се случува денес

Во моментов стојам пред една голема книга, со илјадници неиспишани страници. Се што било досега, сите мои грешки ги оставам зад себе. И ова е првиот лист од мојата нова биографија. Гледам во неа, а во рака го држам пенкалото на животот со кое ден за ден ќе испишувам нова страница. Досега успеав да научам дека секој нов ден е нова борба и не знам што ќе ми донесе секое ново Утре. Но научив и дека храбро и непоколебливо треба да чекорам низ него, следејќи ги своите соништа и зацртани цели. Знам дека животот не е патека посипана со рози. Знам дека ке има и силни ветришта и бури на таа моја патека по која чекорам. Но секое ново изгрејсонце значи нова надеж, нов почеток, нов поттик да станам, да ги избришам созите и да соберам сили да продолжам понатаму. Мајка ми ме научи да се радувам на сите оние мали нешта кои го прават живптот убав. Да го зграпчувам секој еден момент на радост и среќа и љубоморно да го чувам како најскапоцен камен. Ме научи безрезервно да сакам. Да споделувам љубов со сите оние кои во животот ќе чекорат рамо до рамо заедно со мене. Да споделувам се што имам со оние што немаат, а им треба. Само така старниците на оваа Книга на животот ке имаат смисол. Да се знае дека оваа личност која сега го пишува ова, го живее животот со полни гради и со гордо крената глава, следејки го аманетот на вистинските вредности и дека страница по страница испишаните моменти еден ден гордо ќе сведочат за тоа како сум го одела мојот пат. Во нив пак ќе ја има и смеата и тагата, и среќата и болка, но многу, многу, најмногу сочувствителноста, алтруизмот, љубовта, грижата за секој оној кој има потреба од нас.

Без повредување на било кого…Без омраза, без расни и класни разлики…Без разлика дали е човек или животно. Дрво или цвет. Било која божествена креација на природата. Се што уништивме до сега, ќе се трудам барем малку да поправам. Да вратам во живот. Да бидам пример за другите дека нашата единствена шанса да ја видиме иднината, е токму во нашите раце. Ако засадам дрво денес, ете само едно дрво, тоа значи кислород плус за некои идни генерации.

Ако видам просјак, нема да му фрлам паричка. Ќе го фатам за рака, ке го однесам во првиот бутик, најпрво да го облечам, а потоа и во ресторан на ручек. Барем на еден ден да му овозможам да се почувствува како Човек, ненавлегувајќи во причините за неговата несреќна судбина.

Ако видам гладно бездомно дете на улица, ќе му го дадам мојот сендвич и сок. Ќе помислам на тоа дека кој знае колку дена гладува, а јас сепак дома имам за јадење…

Нема да ги заборавам ни бездомните животни.

Ете токму во овие моменти кога се стои, сите овие мисли и желби да станам подобар човек, ме движат, ми даваат сила, ми влеваат надеж дека сепак сеуште има надеж ако сите се промениме на подобро.

Обично велат дека ние самите сме креатори на сопствениот живот и самите сме одговорни за сите свои постапки. Но сепак…судбината си го додава и својот дел во животната приказна на секој од нас. Тоа е таа борба, тој исконски порив кој не тера секој пат, после секој удар пак да се издигнеме и да продолжиме понатаму. Искушенијата се тие кои не враќаат на правиот пат. И искрено, со целото мое срце и целава моја душа јас верувам во човештвото. Верувам дека ќе успееме да создадеме убава и здрава иднина. Дека оваа болна и до крајни граници истрошена и исцрпена планета повторно ќе се регенерира и ќе ни даде втора шанса. Втора и последна. Затоа промената ја започнувам прво од себе. Денес и сега и овде.

И најважното од се…Ако успееме во животот да направиме барем едно добро дело по кое ке бидеме запаметени, ако усреќиме барем едно живо суштество на овој свет, тоа ќе значи дека нашиот живот имал смисол и цел која сме ја оствариле за добробит на сите нас.

Утре е нов ден и сонцето повторно ќе изгрее. Пролет е. Да се завртиме околу себе и за момент со затворени очи да ги вдишиме сите мириси на раззеленетата и расцветана природа околу нас. Само за момент да се запрашаме, зошто и до кога ќе ја уништуваме???

Би била најсреќна ако оваа мисла би ја замислиле истовременосите луѓе на планетава. Ете тоа би бил тој момент на пресвртница за сите нас. Тоа е тоа што ми влева нова сила да станам и да се разбудам од кошмарот кој до сега го нарекувавме ЖИВОТ. Војни, глад, солзи, болка, тага, несреќи, трка за пари, омраза, завист, љубомора, порив за уништување, деца без детство, бегалци со страшни судбини, природни катастрофи, опожарени шуми во кои изумреа милиони животни во најстрашни маки, поплави….

Нашата генерација е токму онаа која треба да го направи првиот чекор кон нова и подобра иднина и за нас и за генеациите кои ќе дојдат после нас. Да им оставиме здрава планета и правилни вистински животни вредности и приоритети според кои и тие ќе чекорат понатаму.

ЈАС ВЕРУВАМ ВО ЧОВЕШТВОТО И ЧОВЕЧНОСТА КОЈА СЕУШТЕ ТЛЕЕ ТУКА НЕКАДЕ ЗАКОПАНА ДЛАБОКО ВО СЕКОЈ ОД НАС. САМО ТРЕБА ДА ЈА РАЗБУДИМЕ.

 

 

+17